Контакт

Македонија

Минчев: Независноста не е само спомен од минатото, таа е обврска кон сегашноста и иднината

Објавено пред

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев упати честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.

„Денес го славиме најсветлиот датум во нашата современа историја – 8 Септември, денот кога македонскиот народ со храброст и достоинство ја избра независна и самостојна Македонија, денот кога ја запишавме најсилната страница во нашата државност.

Независноста не е само спомен од минатото, таа е обврска кон сегашноста и иднината. Да се биде независен значи да се гради држава со силни институции, со јавна администрација што им служи на граѓаните, со непоколебливи принципи на демократија и владеење на правото. Независноста има смисла само тогаш кога народот ја чувствува државата како своја – праведна, одговорна и европска.

Македонија е нашиот дом, нашата иднина и нашата најголема одговорност. Денес, повеќе од кога било, мора да бидеме обединети во визијата за модерна, функционална и европска Македонија.

Тоа е должноста кон генерациите што ја избраа слободата и кон генерациите што доаѓаат.

Нека ни е вечна државата! Нека ни е честит Денот на Независноста!“, стои во честитката од министерот Минчев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Манасиевски: Башановиќ, кумот на Вучиќ и екс советник на Заев, го води ПР-от на СДС

Објавено пред

Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев во владата, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Станува збор за контроверзна личност, како и матна личност во областа на енергетиката. Зоран Башановиќ е кум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кој не се во најдобри односи, па оттаму, Башановиќ преку Зоран Заев, Венко Филипче и СДС го напаѓа СНС од Србија, како и претседателот Александар Вучиќ. Имено, Зоран Башановиќ е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на кумството со Александар Вучиќ. Исто така, Зоран Башановиќ е и куќен пријател на Зоран Заев во Грција. Човек кој му беше специјален советник во владата и земаше над 1.500 евра плата во тоа време. Но, како велат – сличните луѓе си се наоѓаат едни со други. Зоран Башановиќ, заедно со ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ, се лицата кои го навредуваат и омаловажуваат македонскиот народ“, истакна Манасиевски.

Според него, „сето ова се случува по насока на Заев, а Филипче и СДС говорат се што овие ќе им напишат“.

„Затоа повеќе не сме вчудоневидени од соопштенијата и прес-конференциите на СДС и Филипче во кои ги напаѓаат претседателот Вучиќ и владата во Србија. Башановиќ и Шчекиќ, од скопски хотел диригираат директно на Бихачка. Овие двајца се изворот на сите лаги, манипулации и невистини кои доаѓаат од СДС и Филипче“, заклучи Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

Објавено пред

Денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, Првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Беким Сали, реализираше посета на Основното училиште со Ресурсен центар „Иднина“, институција позната по својата посветеност и професионална поддршка на децата со посебни потреби.

За време на посетата, Сали истакна дека ова искуство не било само институционално, туку и длабоко човечко. Тој ја оцени позитивната атмосфера и ангажманот на персоналот, нагласувајќи ја важноста од градење на инклузивно општество каде секое дете има еднакви можности за развој.

„Секоја насмевка, секоја прегратка и секој чекор напред е доказ за силата и потенцијалот што ги имаат овие деца. Тие немаат потреба од сожалување, туку од можности и разбирање,“ изјави тој.

Заменик-претседателот на Владата исто така ја истакна одговорноста на институциите да обезбедат квалитетно образование, достоинство и почит за сите деца, без разлика. Тој додаде дека ангажманот за конкретни политики што ги поддржуваат семејствата и децата со посебни потреби ќе остане приоритет.

На крајот, Сали упати повик за континуиран општествен и институционален ангажман, нагласувајќи дека инклузијата и еднаквоста треба да бидат дел од секојдневието, а не само од симболични денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Уште еден предмет за новиот обвинител – бизнис мрежата на Мицкоски

Објавено пред

Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката – систем во кој се испреплетени политиката и бизнис интересите, велат од СДСМ.

„Овој енергетски „октопод“ се протега од Душан Адамовиќ, функционер на сестринската СНС, преку офшор структури и „Rudnap Group“, до директни врски со Владата преку Божиновска.

Мрежата продолжува во клучни институции: во Развојната банка, каде е поставена Ефимија Димовски, сопруга на негиовиот партнер од хидроцентралите. Потоа во РЕК Битола, каде директор е Иван Куковски – семеен пријател на Мицкоски.

И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените.

Сè е поврзано. Сите алки се на место. Се затвора кругот од производство и увоз на струја, преку финансии, до носење одлуки за цените.

Го потсетуваме новиот Јавен обвинител: поминаа три месеци без никаква реакција на сериозните индиции за криминалните тднери.

Време е за постапување.

Очекуваме итно постапување и за бизнис шемите на Мицкоски во енергетиката.

Да не чекаме уште три месеци. Време е за правда“, стои во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

Владата утре ќе носи мерки за цените на горивата

Владата на Македонија утре на седница во 12 часот ќе носи мерки со кои ќе се ублажи ценовниот раст на...

Регион52 минути

Ќе воведеме нови мерки, почнува најголемата енергетска криза, вели хрватскиот премиер

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека Владата ќе интервенира преку нови енергетски мерки, кои се најавени за почетокот на...

Свет1 час

Техеран го демантира Трамп: Нема намалување на воените операции, ќе следи лекција

Неименуван ирански функционер остро реагираше на коментарите на Доналд Трамп за можноста од намалување на американските воени операции, пренесува Ал...

Свет1 час

Иран обвинува дека САД и Израел нападнале цивилни бродови во Персискиот Залив

Иранските вооружени сили тврдат дека САД и Израел започнале напади врз невoоружени бродови во Персискиот Залив, јавува Скај Њуз. „Поради...

Анализа1 час

Дали Трамп ќе ризикува копнена војна со Иран?

Во екот на војната со Иран, претседателот на САД, Доналд Трамп, се соочува со најкритичната одлука од почетокот на конфликтот...

Македонија3 часа

(Видео) Манасиевски: Башановиќ, кумот на Вучиќ и екс советник на Заев, го води ПР-от на СДС

Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев во владата, го води ПР-от на СДС и Филипче...

Европа3 часа

Словенија може да ограничи точење гориво за странци

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека владата може да го ограничи точењето гориво за странски возачи ако е потребно....

Македонија3 часа

Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

Денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, Првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Беким Сали,...

Економија3 часа

(Видео) Цветаноски: Цените растат, а Владата на Мицкоски не презема ништо

Веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на блискиот Исток а Владата на Мицкоски не презема ништо, кажа...