Македонија
Мисајловски: Корупцијата е полоша отколку во земји како Танзанија и Буркина Фасо, Владата мора да падне

Македонија има најголем пад и е на историски најдолното место на најновата листа на меѓународниот „Транспаренси интернешенал“ или Македонија во 2020 има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, рече денеска на прес-конференција во Собранието, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој подвлече дека на листата на „Транспаренси интернешенал“, Македонија е на 111. место, додавајќи дека тоа е убедливо најлошо до сега.
„Ова е пад од цели 45 места за Македонија на листата во годините водена од Заев. Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија и ред други држави. Белорусија е на 63-то место“, посочи претаникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ова е резултат на, како што рече, четири години апсолутистичка власт и на централно и на локалнo ниво, со судство и обвинителство во скутот.
„За ова мора да се сноси одговорност. Замислите, најкриминалната власт има и министер за борба против корупција. И не е доволно негова оставка или само оставка на министерот за правда. Владата мора да падне! Целата влада мора да си поднесе оставка!“, истакна Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.