Македонија
Митева: Апсењето на Тодоровиќ е очаен обид за дефокус на власта од сопствените криминали и неуспешен фолклор за притисоци за уставни измени
Апсењето на Тодоровиќ е очаен обид за дефокус на власта од сопствените криминали и неуспешен фолклор за притисоци за уставни измени, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ по апсењето на ексградоначалникот на Центар.
Таа рече дека Тодоровиќ не е градоначалник веќе 10 години и исто толку време е надвор од политиката.
„Да се отвори случај по 10 години, а притоа во државата слободно да се шета вицепремиерот Артан Груби, чие најтесно семејство купуваше имот на улицата Македонија по багателни цени, дваесетгодишниот внук на Али Ахмети да вади неколку десетици милиони евра за да ја купи ‘Соравија’, кога Ден Дончев избега од државата иако јавно се виде на снимка како бега со туце пари, во моменти кога премиерот Ковачевски го трпа својот имот и неговата Влада си дава концесии на неговото семејство, да потрошите околу 170 милиони евра или 10,5 милијарди денари и да изберете криминален надзор за коридорите 8 и 10 д, и при сето ова да се занимавате со Тодоровиќ, не е ништо друго, туку брутална политичка хајка, дефокусирање од криминалите на власта и паника во редовите на власта“, рече Митева.
Како што додаде: Вардар не може да ги испере од одговорност и ќе одговараат за секој еден криминал, но и тие од Обвинителството, кои по своја волја, наместо да спроведуваат закон, спроведуваат политички наредби на власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

