Македонија
Мицевски: Дозволете ни да гласаме, да знаеме на што сме
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, укажа на претпазливост за можност за непочитување на примената на Деловникот.
„Во согласност со член 81, став 1, претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство пратеници потребно за одлучување. Затоа што потоа говорник ни е координаторот на пратеничката група на СДСМ, ја користам можноста во случај да не реши претседателот на Собранието да ја затвори седницата, сите заедно рационално да прикажеме дека членството во ЕУ го заслужуваме“, рече Мицевски.
Тој побара да се гласа на денешната седница со оглед дека се присутни доволно пратеници.
„За да бидеме на нивото на денешната седница, во европски манири, ако има доволен број пратеници, гледам дека има, предлогот да го ставиме на гласање за да знаеме на што сме. Затоа тука сме да не бидеме обвинети дека блокираме, во сала сме. Ќе ни дозволите да се произнесеме во согласност со нашите уверувања, во духот на демократијата и ќе ни дозволите да гласаме и да ги видиме резултатите од гласањето“, рече тој.
„Се надевам дека детските болести во Собранието ни се надминати. Нема претседателот на Собранието да го земе правото сам да одлучува и да ја прекине седницата. Убавината на демократијата е да имаме мислење за искажаните ставови и дискусии на сите пратеници“, додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

