Македонија
Мицевски: Законот за попис е со низа недоследности
Предлог-законот за попис на населението е со низа недоследности, а владејачкото мнозинство прави злоупотреба на европското знаменце бидејќи истиот закон не ги содржи препораките на Евростат и немаат никаква допирна точка со регулативите на европскиот парламент, како и со препораките и стандардите на Обединетите нации, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната седница во Собранието
„Законот за попис, кој предизвикува големо внимание кај македонските граѓани, е закон што е долго очекуван во Република Македонија имајќи предвид дека законот за попис, односно пописот треба да биде една статистичка операција од која ќе се црпат податоци за идните текови и функционирање и планирање на стратегиите на Република Македонија во наредниот краткорочен и долгорочен период. За жал, не дојдовме до пленарна седница со ова законско решение на начин на кој посакувавме и на кој повикувавме. Од самиот почеток баравме државен консензус за ова прашање, а не владина коалициска одлука на партиите на власт за начинот, односно за формата за спроведување на пописот во Република Македонија“, рече Мицевски.
Тој додаде и дека власта испуштила можност да даде легалност и легитимитет, односно доверба во оваа статистичка операција.
„Испуштивте шанса уште од самиот почеток да дадете легалност и легитимитет, односно доверба во процесот на статистичка операција наречен попис. За жал, место да дозволите дебата, прво на комисии, па јавност транспарентност и експертско учество во него, ставивте европско знаменце сè со една цел за сите оние чувствителни прашања во државата за сите оние прашања за кои навистина граѓаните очекуваат да се продискутира да не може да добијат јавност и транспарентност. Рековте дискутиравме на комисијата, меѓутоа тоа не е точно. На комисијата имаше предлози од ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии за кои вие немавте слух ниту да ги продискутирате“, рече Мицевски.
Тој рече дека ваквото законско решение има низа недостатоци и недоследности.
„Рековте дека сугестиите што се дадени на првото законско решение се анализирани и инкорпорирани во законот, јас ќе ве уверам дека тие сугестии ниту се разгледани ниту има желба да се разгледаат и доаѓаме до едно законско решение кое, за жал, има низа недоследности и низа позиции на кои опозицијата и секој граѓанин што го гледа ова како статистичка операција може да најде многу забелешки врз основа на ова законско решение“, рече Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

