Македонија
Мицевски и Ќучук разговараа за соработката на власта со опозицијата и бугарското вето
Соработката помеѓу власта и опозицијата, носењето закони со европско знаменце, како и бугарското вето, беа темите на кои денеска се осврнаа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.
За време на состанокот, Мицевски го информира Илхан Ќучук за актуелните случувања и состојби во врска со функционалноста, ефикасноста, дијалогот и соработката помеѓу власта и опозицијата, како и помеѓу пратениците и пратеничките групи во рамките на парламентот.
Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски особено се осврнал на проблемот со инклузивноста на опозицијата во важните процеси и донесувањето важни законски решенија, како и за непочитување на демократските процедури и Деловникот за работа на Собранието. Во контекст на ова, се отворило прашањето и за злоупотребата на европското знаменце и скратената постапка од страна на Владата при носењето закони и законски решенија во Собранието.
„На оваа средба се разговараше и за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочува Република Македонија, како што е високиот степен на корупција и криминал во нашата држава, факт што неоддамна беше потврден и нотиран со извештајот на ‘Транспаренси интернешнл’, сместувајќи ја Република Македонија на 111. место во светот, се разговараше за лошата економска состојба и огромната задолженост на државата, но и за справувањето со последиците предизвикани од ковид-кризата. Неизбежно беше, а да не се споменат и актуелната ситуација и разликите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, со цел деблокирање на процесот за отворање на пристапните преговори со Европската Унија“, соопшти опозициската партија.
Имено, на состанокот од страна на известувачот на Европскиот парламент, Илхан Ќучук, била изразена желба и подготвеност да се помогне во надминување на разликите со цел приближување на ставовите на власта и опозицијата, што ќе значи поефикасно и заедничко дејствување за решавање на секојдневните проблеми како на граѓаните така и на државата во целост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

