Македонија
Мицкоски во Париз обвини дека Заев ја попречува правдата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, во Париз остварија средба со членовите на францускиот Сенат, Марта де Сидрак и Арно Базин, кој е и претседател на групата за француско-македонско пријателство.
На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Македонија.
Мицкоски во рамки на средбата ја афирмираше заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите. Тој пред соговорниците нагласи дека ќе ја стави државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кои ќе ја извадат Македонија од, како што вели, слепата улица по која ја донела актуелната Влада.
Мицкоски ја потенцираше цврстата определба за бескомпромисна борба против криминалот и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласи дека потребни се чекори кои ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните.
„За жал, денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата“, истакна Мицкоски, додавајќи дека потребно е ослободувње на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото.
„Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана принципи и вредности“, истакна на средбата Мицкоски.
Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека се залага стратешко партнерство со Република Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

