Контакт

Македонија

Мицкоски: Економијата оди надолу, мерките се изборна измама

Објавено пред

„Покрај серија прес-конференции на власта за тоа колку добро се живее и колку многу ѝ се помага на економијата, во реалноста имаме вистински хаос од проблеми, беспарица и тежок живот. Тоа што лошо се менаџира корона-кризата е голем проблем. Но, еднакво лошо дури и многу хаотично е во економијата“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Имаме три пакет-мерки и многу пластично може да се споредат ефектите од нив. Бенефити нема, сè полошо е во економијата, а најновиот пакет-мерки, освен за пиар, нема никаква корисна функција, односно може слободно да се каже дека претставува изборна измама. Имама која сега се вика трет пакет-мерки, а иста како онаа дека ќе имало просечна плата од 500 евра, чист воздух, ќе дошол живот, ќе имало реформи во судството и правосудството, правда за секого, ‘Фејсбук’ и ‘Гугл’ ќе дошле да инвестираат во Македонија итн.“, вели тој.

Според Мицкоски, единственото економско достигнување остварливо за Владата е дефицитот, и тоа е околу 200 милиони евра за 4 месеци. Секое домаќинство е задолжено со нови долгови, а граѓанинот исто како и бизнисот мака мачи да сврзе крај со крај.

„Не е ова мегдан за добивање политички поени, туку да се укаже дека вака повеќе не оди и дека економијата страда. А економијата оди надолу затоа што имаме опасна неспособност на Владата на Заев и Спасовски. Само датумите се нови, а исти се лагите, невистините и манипулациите. Во продолжение би сакал да се осврнам на неколку конкретни показатели врз основа на кои одлучивме на првата лидерска средба кај претседателот Пендаровски да се воведе вонредна состојба. На тој состанок постоеја две причини за да се воведе вонредната состојба, и тоа првата беше поради тоа што имаше потреба да бидат одложени веќе закажаните предвремени парламентарни избори, кои требаше да се одржат на 12 април и втората беше дека е потребно да се донесе пакет економски мерки што ќе бидат помош за граѓаните, но и помош за стопанството.

Што се случи? Се донесе уредба со сила на закон за одложување на изборите, која го нема легитимитетот од опозицијата и за тоа зборував во неколку наврати изминативе денови за време на моите изјави што ги давав во јавноста бидејќи ќе споменам уште еднаш – техничкиот министер во Министерството за внатрешни работи не ја гласаше таа уредба од причини веќе познати на јавноста, а кога сме кај сетот економски мерки, би сакал малку подетаљно да се осврнам на ефектот од нив. Денеска е точно 66. ден од воведувањето на вонредната состојба, нема да се задржам на уредбите со сила на законот, кои некому му донесоа лиценца за одгледување марихуана, нема да ги коментирам уредбите за брусење дијаманти или уредбите што требаше вонредно да извршат исплата на платите на поранешните вработени во специјалното јавно обвинителство. И нема да ги коментирам уште десетиците такви уредби, ќе се задржам само на оние  што требаше, всушност, да бидат економска поддршка за граѓаните и за стопанството.

Во првиот сет мерки што ги донесоа ресорниот министер и Владата, две беа точките што беа клучни, и тоа 50 проценти субвенција на придонесите и втората е одложување на аконтацијата на данокот на добивка. За втората ќе повторам буџетски импликации нема, а за првата да има, и во продолжение ќе ја запознам јавноста колкава е искористеноста на таа мерка. Вториот сет мерки беше мерката 14.500 денари помош за компаниите или минимална плата помош за компаниите за април и мај и покрај тоа што ние како опозиција велевме – немојте да го оставате стопанството 2 месеца без никаква помош, ајде да го вклучиме и март бидејќи стопанството мора да остане живо затоа што само живо стопанство и реален сектор значат стабилна и загарантирана иднина за нашата држава и за нашите граѓани.

Но, каква е реалноста? Вкупно беа предвидени 60-ина милиони евра месечно помош во двата месеца, а тоа се месеците мај и јуни, т.е. во мај требаше да биде исплатена помошта за април, и за јуни треба да биде исплатена помошта за мај и со тоа да бидат опфатени вкупно 250 илјади граѓани“, вели Мицкоски.

Според него, вкупно во мај помош за април добиле 17.813 правни субјекти или компании или вкупно 110 илјади вработени, што е речиси два и пол пати помалку од тоа што беше предвидено со уредбата, а во вкупен износ се исплатени нешто повеќе од 1,5 милијарда денари или околу 25 милиони евра, што е малку повеќе од 2 пати помалку од она што претходно го најавуваше Владата.

„Економската поддршка за стопанството, која беше опфатена во првиот и вториот сет мерки, не само што не е исполнета и не само што не е испорачана како што била планирана и ветена пред стопанството и реалниот сектор, туку е од 2 до 2 и пол пати помала во споредба со она што беше ветувано. Сега, доколку вонредната состојба заврши на 30 мај и доколку претседателот Пендаровски не одлучи да ја продолжи, од тој момент престанува во сила уредбата во која е суспендиран членот 8 а од Изборниот законик, што значи дека помошта што треба стопанството да ја добие во јуни, а се однесува за мај, не може да ја добие доколку изборите се одржат во следните 60 дена почнувајќи од 31 мај и завршувајќи на 31 јули. Уште една лага што е испорачана од ресорниот министер, Заев и од Спасовски. Доаѓаме до најголемата лага, а тоа е т.н. трет сет мерки, кој четврти пат ни се најавува на четврта прес-конференција од страна на ресорниот министер. Овој трет сет мерки опфаќа три групи мерки што ги предвидела Владата. И тоа првиот е посветен на поттикнување на јавната потрошувачка и се однесува на помош кон граѓаните, вториот е исто така помош кон стопанството и третиот е помош кон земјоделството и земјоделците“, вели Мицкоски.

Осврнувајќи се на третиот пакет-мерки и ваучерите што ќе им бидат делени на граѓаните, Мицкоски вели дека сето тоа е со цел да биде едно ветување предизборно во обид за поткуп преку еднократна мерка, која, практично, а така веруваат во Владата, ќе обезбеди поддршка од страна на граѓаните што ќе бидат евентуални корисници на овие мерки по парламентарните избори.

„Зошто? Затоа што истото што важеше за вториот сет мерки, ќе важи и за третиот, односно веднаш по 30 мај доколку не биде продолжена вонредната состојба, а сите изгледи се такви дека нема можност за продолжување, членот 8 а од Изборниот законик стапува во сила и сите овие вонредни исплаќања на плати, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци, кои не се редовни месечни примања, се кривично дело, што е казниво со закон и затворска казна од минимум 5 години. Ја користам ова пригода до сите оние што ќе се обидат на ваков начин, лажно и лицемерно да ветуваат, сите оние што ќе се обидат да поткупат, сите оние што ќе сторат кривично дело, дека ќе добијат кривична пријава“, вели тој.

Мицкоски ги повика Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси и антикорупциска комисија да излезат со став за сето ова што изминативе денови четврти пат од ресорниот министер и од Владата ѝ беше соопштувано на македонската јавност, ѝ беше ветувано нешто што никогаш нема да се исполни.

Македонија

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Објавено пред

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Објавено пред

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.

dobivaj vesti na viber

Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.

„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.

Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.

Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“

Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

Објавено пред

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел).  Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.

Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште;  Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Свет2 часа

Голем број деца исчезнаа во поплавите во Тексас, потврдени 27 жртви

Околу 27 луѓе, меѓу кои и девет деца, загинаа во поплавите во централниот дел на Тексас, соопштија властите денеска, додека...

Македонија10 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија11 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ11 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ12 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет14 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија15 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија15 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт15 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија1 ден

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 ден

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ1 ден

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија1 ден

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија1 ден

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија1 ден

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија2 дена

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...