Македонија
Мицкоски за случајот „Делчевски ниви“: Уште една клевета и лага на СДСМ и измеќарите на СДСМ во опозицијата е растурена

Речиси шест години континуирано сум предмет на клевета од страна на клеветничката СДСМ, навреди од страна на СДСМ и нивните измеќари и полтрони. Се обидуваат да го нарушат мојот углед, мојата чест со тоа што континуирано речиси шест години објавуваат лаги, конструираат случаи и на таков начин мисат дека ќе опстојат повеќе на политичката сцена, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Гази Баба која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“ коментирајќи го фактот што Обвинителството се повлече од случајот Делчевски ниви.
Мицкоски истакна „како од самиот почеток, така и заклучно со овој случај јас лично бев посочуван од високи функционери на СДСМ“.
„И сведоци сме дека и ова октроирано обвинителство и судство, партизирано обвинителство и судство носи одлука за прекин на истрагата поврзана со овој случај. Затоа што откако ги сослушале исказите на лицата кои се осомничени, откако ги ислушале исказите на лицата кои се сведоци, откако ги прибавиле сите материјални докази кои се дел од оваа истрага донеле заклучок дека нема докази кои упатуваат на одобрено кривично дел. Дека не постои сторено кривично дело, а моето име, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија на било каков начин се дел од овој гнасен, монструозен и клеветнички чин кој заедно СДСМ се обиде преку октроираното обвинителство и судство да го конструира и објави на денот кога требаше оваа Влада на СДСМ и ДУИ да биде минато, а тоа беше 11 ноември 2021 година“, кажа Мицкоски.
За мене сепак претставува чест, додаде Мицкоски, и би рекол мала сатисфакција и се докажа правдата.
„Можеби правдата е спора, но вистината излегува на виделина. Наскоро има уште еден таков случај со уште една политичка партија во улога на слуга и измеќар да ме клевети и тие ќе имаат простор да се извинуваат“, посочи Мицкокси.
Мицкоски заклучи „уште една клевета и лага на СДСМ и измеќарите на СДСМ во опозицијата е растурена и апелираме оваа пракса на клеветење да престане“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип.
МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.
По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.
Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.
Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Македонија
Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека е пресреќен што во еден мандат, во рок од три години е отпочнат и завршен проектот за изградба на новата градинка во населбата Пролет, што е редок пример во државата.
„Ако разгледате и направите увид и истражување во поголем дел од општините, ќе видите дека многу споро оди делот на реализација на ваков тип на проекти. Искрено сум среќен што успеавме за три години да го реализираме проектот и да ја направиме најубавата и најмодерната градинка не во Скопје, туку и на територија на цела држава. Градинката Пролет е гордоста на родителите, со оваа изградба поставивме нов стандард за детска грижа во Центар“, вели Герасимовски.
Градинката Пролет згрижува 173 дечиња во 9 занимални, на површина од 3.276 метри квадратни. Нејзината изградба почна во 2022 година во мандатот на градоначалникот Герасимовски и истата е целосно финансирана од Општина Центар во висина околу три милиони евра, без задолжување.
Македонија
Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено, информира ЈОРМ.
Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка.
25-годишен странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип. Во Клиничката болница во Штип тој е донесен со неколку прострелни рани, каде што во 22.10 часот починал.