Македонија
Мицкоски за случувањата во АА: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се директно вклучени, ние не се мешаме во внатрешните работи на политичките партии
Ние не се мешаме, седиме на страна, бидејќи непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ кои директно се вклучени во случувањата во Алијанса на Албанците, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира случувањата во Алијанса на Албанците и додаде:
Навистина сум шокиран од таквото однесување од страна на првенците пред се од ДУИ и СДСМ, но тоа е нивна работа.
Претседателот Мицкоски нагласи дека тој и ВМРО-ДПМНЕ не се мешаат во внатрешните работи на останатите политички партии како што не сака другите партии да се мешаат во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ.
Ние како што не сакаме никој да се меша во внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ, така и ние не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии, дециден е тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

