Македонија
Мицкоски: Имаме работа со Влада што работи преку измами
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, оствари средба со амбасадорот на Романија во Република Македонија, Виорел Станила.
На средбата беше разговарано за политичката и економската состојба, како и за стратешките и реформските процеси, кои се од големо значење за државата.
Претседателот Мицкоски изрази голема загриженост за, како што рече, лошата економската состојба во која се наоѓаат граѓаните и посочи дека поради неспособноста на актуелната Влада на Зоран Заев и СДСМ да обезбедат економски раст и капитални инвестиции, граѓаните на Република Македонија живеат во сиромаштија.
„Имаме работа со Влада што работи преку измами, затоа граѓаните се чувствуваат разочарани од општествено-политичката состојба“, истакна Мицкоски, кој посочи дека отсуствуваат и клучните реформи значајни за европската агенда на земјава.
Мицкоски и Станила разменија мислења за натамошно унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу двете држави, кои се од заемен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

