Македонија
Мицкоски: Корупцијата и лошата економија се посочени како главни проблеми во извештајот на Стејт департментот
Во извештајот на Стејт департментот, главен проблем се корупцијата и лошата економија, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека пред два дена сосема штуро била објавена на дел од медиумите информација за извештај за Македонија напишан од американскиот Стејт департмент, посочувајќи дека дел од медиумите блиски до власта нашле поблаги форми со кои се дефинираат состојбите, а со кои сакале да ја потврдат розевата слика која ја гради власта.
„Она што на истите тие медиуми задолжени за розева слика нема да можете да прочитате е тоа што американскиот Стејт департмент укажува на, цитирам “бизнисите отпуштаа вработени”, “државата назадува 31 место на Дуинг бизнис”, “корупцијата останува проблем”, “спроведувањето на законите за борба против корупцијата е слабо и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори, “многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството”“, наведува Мицкоски за забелешките изнесени во извештајот на Стејт департментот.
Пред два дена сосема штуро беше објавена на дел од медиумите информација за извештај за Македонија напишан од…
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, September 12, 2020
Понатаму во статус на социјалните мрежи, Мицкоски ги изнесува забелешките.
„-Социјалната и економската криза предизвикана од КОВИД-19 ќе има длабоки влијанија врз економијата на државата и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Додека се ажурираше извештајот за оваа година, бизнисите отпуштаа вработени, производството беше насочено кон неопходните потреби. Вирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година и понатаму.
-Извештајот за деловно работење (Doing business) на Светска банка во 2020 година ја стави државата на 78-то место во светот за започнување бизнис, за 31 место подоле од 2019 година.
-Бизнисмените се жалат дека долгите и скапи трговски спорови преку судскиот систем создаваат правна несигурност. Бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик, посочувајќи ја несоодветната извршна контрола врз судството и лошото финансирање на административните судови како големи пречки.
Деловната заедница често се жали дека Државниот завод за индустриска сопственост не регистрира патенти или не презема мерки за спроведување патенти навремено.
Додека државата има воспоставено многу закони за заштита на интелектуалната сопственост, прекршувањето е чест пример и судскиот систем треба да се подобри. Владата користеше нелиценцирани софтверски производи на „Мајкрософт“ и, на почетокот на 2018 година, владата започна разговори за решавање на проблемот. Од март 2020 година, владата продолжи да користи нелиценциран софтвер низ нејзините институции.
Во минатото, владата не успеа целосно да ги спроведе законите поврзани со работничките права, заштитата на потрошувачите, заштитата на животната средина и другите закони и регулативи наменети за заштита на поединците од неповолни деловни влијанија.
Спроведувањето на законите за борба против корупцијата се слаби и селективно насочени кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори.
Специјалното обвинителство (СЈО) е основано во 2015 година за да ги испита случаите поврзани со скандалот со прислушувањето, кој откри голема злоупотреба на службената положба од јавни службеници, вклучително и наводна корупција при јавни тендери. Откако Главниот специјален обвинител беше обвинет за корупциски скандал во ноември 2019 година, сите случаи беа пренесени во Обвинителството за организиран криминал и корупција на Јавното обвинителство.
Транспаренси Интернешнл ја рангираше држават на 106-то место од вкупно 180 земји на Индексот за перцепција на корупцијата во 2019 година, што претставува пад од 13 места, по скандалот со корупцијата во СЈО.
Многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството“, стои во извештајот на Стејт департментот, пишува Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

