Контакт

Македонија

Мицкоски : Криминалот во „Рекет“ не е можен без поддршка на Заев

Објавено пред

Изминатиов период криминалниот октопод кој управува со власта ја фрла Македонија на колена.
Македонските граѓани, сите ние ја имаме судбината да ја живееме онаа фраза што важеше за некои држави на Балканот од минатото, „секоја држава има своја мафија, само нашата очигледно си има своја држава“, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Според него, случајот „Рекет“ не е причината за тоа, тоа е само последицата. Причините се многу подлабоки и тие одат до врвот на власта. Разголената власт покажува дека не е само во прашање неспособноста на премиерот или неспособноста на владата, туку дека немаме систем. Тој е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што системот не функционира, имаме згазени закони и имаме згазено обвинителство коешто исто така не функционира. Имаме конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал.

„Со голема внимателност и загриженост го следев развојот на настаните и веќе е сосема сигурно дека од оваа власт, институциите, премиерот Зоран Заев не може да се очекува разврска на овој криминал затоа што истите тие се силно инкриминарани од истиот, тие се инфицирани од криминалот што ни се покажа како на тацна. Можам да донесам неколку заклучоци, и тоа,  силата на осомничените за делото за кое се товарат во случајот ‘Рекет’ доаѓа од власта на Зоран Заев и неговите луѓе. Тука е Катица Јанева, која и денес го води компромитираното СЈО, а треба дополнително да се испита и улогата на сите други обвинители помошници во целиот случај на изнуда, како и можноста за постоење на други вакви случаи. Во овој октопод се и Фрики, Кики, Шеки, Зоки, Поки и останатите коишто упорно остануваат недопрени.
Иако Катица Јанева тврдеше, цитирам, „ниту свесно, ниту несвесно имам каква било конотација со случајот ‘Рекет’“, се покажа дека не ја говорела вистината. Односно нејзините зборови кои можеа да се чујат од снимката, цитирам, ‘немој да се грижиш, сè ќе биде ОК’, упатени на жртвата на која вршеле рекет покажува силноа вмешаност на СЈО и нејзиниот прв човек во овој криминал.

Факт број три, ќе потсетам на мислењето на Заев за Катица. Тој тврдеше дека верува во нејзините способности, во нејзината личност и дека е човек со капацитет. Потоа Јанева сака со закон да ја унапреди во републички обвинител, а другите обвинители помошници на Јанева исто така со истиот закон ги предлага и сè уште опстојува на тој предлог да се дел од новото обвинителството со кое истиот овој човек Зоран Заев предложи да управува Русковска. Воедно предлага и префрлање во тој сектор на целокупната администрација, соработници и истражители итн. кои сега работат во СЈО, а кои знаеме дека се изврзани роднински и претставуваат школски пример за непотизам, директно или индиректно со Катица Јанева и другите обвинители помошници на Катица Јанева. Ќе повторам, со закон истите сака да ги префрли во новото обвинителство без да има јасна недвосмислена, јавна постапка и секој оној којшто се чувствува подготвен да може да конкурира за истите тие позиции”, рече Мицкоски.

Според него, сомнежот е дека криминалот во „Рекет“ од вакви размери не е можен без поддршка на Зоран Заев.

„Сомнежите се дека Заев го штити овој криминал, а тоа го темелам на следново: Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи што ги воделе. Но во овој момент тоа отсуствува. Се разбира, Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.

Второ Зоран Заев  е свесен дека меѓународниот сојуз на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет. Трето, од почетокот тврдев и сè уште тврдам, Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себеси. Некои велат Катица е следната, јас тоа го пишував во едно мое фејсбук-обраќање до сега, но тоа во овој момент за граѓаните во Република Македонија значи само уште еден криминалец помалку на слобода.

Некои велат дека немало тука да застане, дека не била Катица крајот на оваа борба против организираниот криминал туку ќе продолжела па ќе ги опфатела Кики и Фрики, прашањето било па можеби и Шеки била загрозена и така натаму. Но, никако да дојдеме до главниот, а тоа е токму оној главниот којшто го осмислил и оној за којшто постои сновано сомнение дека го аминувал целиот овој криминал. Четврто, сега е јасно зошто е предлогот на Заев за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО, но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби. Е таков компромис со правдата што ќе произведе неправда нема да помине.

Оттука господинот Зоран Заев е должен да одговори на неколку прашања. Какви докази крие семејството на еден од осомничените, а кои говорат во некои од медиумите од соседството за криминал на власта и Зоран Заев? Кој сè е вклучен во таа белградска врска на мешетари собрани и платени со македонски државни пари? Каде завршува куфер-политиката и кои се луѓето кои на крајот од денот се офајдиле со сумите  што се резултат на куфер-политиката
На што се должи заладувањето на реториката кон Катица Јанева и Бојан Јовановски со кого чести средби имал и Зоран Заев? На што  се мисли кога еден од осомничените ќе каже дека Зоран Заев е информиран за сè? На ова не верувам дека Зоран Заев директно ќе одговори, исто како што не одговори и на моите директни прашања што ги поставив на една прес-конференција на почетокот на овој скандал, затоа што рибата мириса од главата”, рече Мицкоски.

Тој смета дека бранењето на премиерот и неговите експоненти во однос на оваа афера не само што изобилува со невистини, шпекулации и конструкции, туку е и напад и навреда врз интелигенцијата на народот.

„Ќе слушнам, ќе речат случајот ‘Рекет’ бил наместен случај од опозицијата за рушење на правната држава, што е чисто фијаско од одбрана, приказна за мали деца во која ни тие не веруваат, а голем дел велат комичен настап, во случај кога сите го напуштаат бродот на власта што тоне. И треба да знаат дека немаме правна држава, зошто тие ја убија и ја погребаа. А да имавме немаше Катица Јанева да биде на слобода, ќе имавме уште најмалку еден криминалец помалку на слобода,  а главата на октоподот наместо со лисици на рацете да се заканува врз новинари и забошотува скандали. Навреда на интелигенцијата на народот е кога скапо платените со државни пари  пиар-советници го советувале оној кој е глава на октоподот, да излезе и да даде скандалозна изјава, со насока ‘шефе колку повеќе дехидрирате од критика на вашите до скорешни пријатели, a богами и пулени, толку повеќе ќе си ја отргнете вината за вашето замешателство во работите’.

Но, заборавиле дека народот не е со кратко помнење и народот ги знае сите лица и маски на Заев. Ја знае онаа кога со скрстени раце на срцето и со блага насмевка се колне во жицата, во најмилото дека немало да го промени името. Народот ја знае и онаа маска кога Заев е преполн со верба во европските вредности бидејки тој ќе ја донел Македонија во Европа, но народот го знае и она вистинско лице на Зоран Заев како бара мито, како пазарџиски полетно договара поткуп за Вартоломеј, и она негово сурово но искрено лице, на разгневен деспот кому сите гемии му се потонати бидејќи вистините излегуваат на виделина. Сето ова е доказ на немоќ, кој се прикрива со деспотски атак кон слободата и замолкнување на вистината.

И тука без оглед на тоа што некои сакаат да нè направат исти со Заев, само колку да му помогнат и релативизираат неговите скандали, ние не сме ни одблиску исти. И фала на Бога што е тоа така. Различни сме се, и тоа многу. И морам да кажам една искрена, но и поразителна работа, целата ова ситуација мене не ме изнедадува, човекот си е навикнат да се заканува ззшто со прогон владее 3 година, со тортура и поигрување со животи и судбини. И за голема жал, рекетот не е единствениот случај за сомнеж за криминал. Нема ден, а да не добијам порака, да не чујам лично сведоштво од некој бизнисмен, од некоја друга жртва за уцена, притисок или рекет од страна на луѓе од власта. Но за ова во друга пригода.

И додека сето ова се случува, државата влегува во економска и политичка криза. Надвор од зградите на Илинденска број 2 и од Бихаќка владее неправда, сиромаштија и апатија. Со оваа влада секојдневието е дека: дете убива дете, дека еден од убијците на Саздо сè уште е на слобода, истото е и со убиецот на младиот фудбалер кој го загуби животот, Мартин Јанушев. На слобода некаде е и убиецот на Пино Секондо. Наместо во битка со корупцијата, Владата влезе во битка за бришење на шеснаесеткракото сонце, дека Гоце бил друго, а не Македонец. За 3 години илјадници млади луѓе се иселуваат, ама премиерот вели дека сме блескале. Очигледно светот во кој живее Заев не е истиот во којшто живее обичниот Македонец. И еве зошто не сме во Европа и зошто нема датум за преговори за Република Македонија.Падот на оваа власт не е прашање дали ќе се случи туку кога. Едноставно дојдовме до степен кога не постои ниту тронка надеж дека  што било ќе се подобри. Затоа се знае, народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори. И за таквиот пад нема да помогнат ниту аберите од некои кругови на власта за да се прогледало низ прсти за некои случаи или, пак, оние сведоштва првиот крадеше повеќе, ниту, пак, оние обиди за инсталирање на некаква послушна опозиција. ВМРО заедно со народот и секој слободномислечки Македонец ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда.

И не сакам да звучам отсутно и ќе кажам, ги слушам сите ние кои говорат ајде пожестоко, на улица, бунт против оваа власт. Голем дел од овие луѓе ја сакаат Македонија. Ги разбирам и знам дека не им е сеедно и дека срцето им се кине исто како моето кога во сопствената земја својата држава ја гледаат окупирана од неодговорна и неспособна власт и како им се одзема иднината, која е нивно основно човеково право. Но, јас ќе им порачам, ветив битка до последниот здив и стојам на тоа. Но, истовремено ветив победа. ВМРО почна со рушење на оваа неодговорна Власт кое секогаш и не е изразено на начин на којшто дел од нашите сограѓани очекуваат. Но, не со исклучени, ниту масовни протести од тие коишто ВМРО ги организираше, но и од друг тип демократски алатки коишто ќе служат како отпор против оваа неодговорна криминална, октопод, куфер-влада во Република Македонија.

Воедно историјата не учи никогаш да не се избрзува со неодговорни отпори и спротивставувања на силите кои ѝ пркоселе и ја одземале нашата слобода. Воедно следува период кога ќе се одлучува и за европската иднина на Република Македонија, и ВМРО-ДПМНЕ знае дека тоа е невозможна мисија со оваа криминална октопод влада, но не сака да биде никакво алиби при евентуалниот неуспех. Треба да знаеме дека имаме нечесна власт, која, пак, треба да знае, Македонија не е пашалак на Заевци, а народот заробеник на нивниот криминал. Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа ни треба, за Македонија да ја обновиме од овој криминален ураган на власта. И одговорност, мора да има одговорност. Немам намера, немам намера повторувам, за никаков компромис со никој кој се огрешил спрема законот без оглед на кого и со кого се работи. А тие кои злоупотребиле народни пари, мала ќе им биде Македонија да се сокријат. Заев е на колена и веќе нема кредибилитет за оваа влада која тоне во сопствениот неуспех. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот во којашто силно верувам. Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија”, додаде Мицкоски.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Феликс бил убиен зошто мавтал со опашката, велат активистите

Објавено пред

Од

Убијците на Феликс денес во судница се осмелија да го наречат неговото радосно мавтање со опашката – напад. Снимка на која куче радосно им приоѓа ја користат како алиби за злосторството и доказ дека било агресивно. Крвникот Љубе Крстевски се појавува на само едно од шесте презентирани видеа и Феликс не се ни доближува до него, велат од Граѓанската иницијатива Зелен хуман град.

dobivaj vesti na viber

„Тврдат дека љубопитност и приврзаност се причина за ѕверска ликвидација. Каква болна логика. Ако едно животно секојдневно ти приоѓа со доверба, тоа значи дека заслужува да биде убиено? Толку се бедни, што ова „доказно видео“ не им го доставиле на обвинителството и на адвокатката. Но не зашто е доказ за „агресијата“ на Феликс, напротив, зашто е неосновано и зашто сакаат да го манипулираат процесот зад затворени врати“, велат активистите.

Додаваат дека убивањето на невино животно што им верува на луѓето е злосторство што не може да се сокрие зад евтини извитоперени конструкции.

„Ја повикуваме судијката Лидија Петровска да изрече максимална затворска казна за убиецот Љубе Крстевски и неговиот соучесник Бранко Билбиловски. Тие не само што не се каат, туку тврдат дека Феликс „сам си го барал“ да го убијат“, велат од Зелен хуман град.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради несовесно работење на судија, осуденик почнал да издржува затворска казна со задоцнување од една година

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот, во текот на 2024 година, додека извршувал функција судија за извршување санкции во Основниот суд во Кавадарци со умисла несовесно постапувал во предмет за извршување затворска казна за еден осуден.

Затворската казна од 3 години и 8 месеци била изречена со правосилна пресуда на Основниот суд во Гевгелија. Меѓутоа, обвинетиот судија, иако примил известување за пресудата на 05.04.2024 година, првиот пат упатниот акт го изготвил со задоцнување и осудениот го упатил на издржување на затворската казна во КПУ Гевгелија, наместо во КПУ Идризово – Скопје согласно висината на изречената казна.

Потоа, откако гевгелискиот затвор известил дека казната не може да се издржува во таа установа, судијата за секоја одлука што ја носел во предметот ги пробивал законските рокови, се до 04.06.2024 година кога добил известување дека осуденикот не се јавил на издржување на затворската казна во Идризово.

Иако согласно закон бил должен во таква ситуација во рок од 24 часа да издаде наредба до МВР за приведување на осуденото лице, обвинетиот судија тоа го направил дури на 07.06.2024 година.

По распишана централна потетница, осуденото лице било пронајдено и лишено од слобода, и започнало да ја издржува затворската казна речиси една година подоцна, на 11.03.2025 година наместо во април 2024 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: Прашања поврзани со идентитетот или билатералните спорови не треба да ја попречуваат интеграцијата

Објавено пред

Од

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на работниот ручек со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во земјава, по повод завршувањето на полското претседавање со Советот на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Сиљановска-Давкова потсети на дведеценискиот македонски интегративен пат од добивањето на кандидатскиот статус, неправедните политички пречки коишто го кочат напредокот и ја поткопуваат јавната доверба во процесот на проширување во ЕУ.

Таа укажа на последните истражувања на јавното мислење во земјава коишто покажуваат зголемена недоверба во политиката на проширување, дури и кај младите луѓе.

Претседателката предупреди на штетноста од билатерализацијата, посочувајќи дека ирационалните прашања поврзани со идентитетот или билатералните спорови не треба да ја попречуваат интеграцијата.

Нагласувајќи дека застојот носи далекусежни ризици и го прави нашиот регион ранлив, таа оцени дека со поткопувањето на стабилноста на Западниот Балкан се загрозува и стабилноста на Европа во целина. Европската интеграција, според претседателката, не е само политичко прашање, туку и геополитички и безбедносен императив.

Сиљановска-Давкова го реафирмираше барањето да се движиме напред врз основа на заслуги, како и секоја друга земја-кандидат.

Охрабрувачки, според неа, е што данското претседателство препознава дека понатамошното проширување на ЕУ е геополитичка неопходност. Таа нагласи дека е добро што Данска планира да го води процесот на проширување преку континуиран политички дијалог и во согласност со Копенхагенските критериуми и пристап базиран на заслуги.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија3 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија4 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија6 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија8 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ8 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ10 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион13 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа13 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа13 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет14 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет14 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет14 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет14 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија23 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија23 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија1 ден

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ1 ден

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...