Македонија
Мицкоски: Направена е историска најголемата исплата за субвенции за земјоделците
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени во врска со вчерашната објава дека е започната исплатата на субвенциите за земјоделците, информираше дека е направена историски голема исплата. Само во последниот период се исплатени повеќе од 28 милиони евра, а посебно во последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат.
„Да сакам да кажам дека историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како никогаш досега, откако е независна Македонија и тоа е нешто коешто навистина претставува големо постигнување. Повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниот период. Инаку вкупно во цела година се исплатени, а посебно последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она коешто претставува историски најголем резултат. Но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историска највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури, коишто навистина претставуваат исклучителни рекорди коишто досега се незабележани“, изјави премиерот.
Целта на оваа влада меѓу другото е уште повеќе да произведуваме храна нагласи премиерот, помалку да увезуваме, а повеќе да извезуваме.
„Јас навистина сум задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите и се надевам дека ова само ќе биде мотив повеќе за земјоделците, следната година заеднички уште подобро да се организираме и уште повеќе да произведуваме, помалку да увезуваме храна, туку да извезуваме. Тоа е она што претставува цел на оваа Владата и ќе има реформи во политиката на субвенционирање и ќе има реформи во политиката на приоритети. Така што сега за сега можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа коешто е постигнато“, рече премиерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

