Македонија
Мицкоски: Насилството му одговара на оној што го најавува и сака да ја сопре оваа иницијатива
„Продолжуваме со протестите, нема да сопрат протестите, ќе го повикуваме народот и во деновите што следуваат затоа што цениме дека власта на СДСМ и ДУИ не сака да го слушне народот, кој громогласно вели ‘не’ на овој асимилаторски и понижувачки договор што Владата му го нуди на народот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на протестот пред Владата против францускиот предлог.
„Ценам дека треба во што поголем број да се собираме и мирољубиво да го кажуваме нашиот став, тоа е наше демократско право, без насилство. Насилството му одговара само на оној што секое утро тоа насилство како аналитичар го најавува наместо да го спречува и помага и го охрабрува. Насилството му одговара на оној што сака оваа иницијатива да ја сопре. Ние имаме чиста цел, чиста намера, а тоа е да ги зачуваме достоинството, идентитетот, нашиот мајчин македонски јазик“, додаде Мицкоски.
Тој упати благодарност до сите сограѓани што се секојдневно на протест и заедно се борат да го зачуваат македонскиот идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

