Контакт

Македонија

Мицкоски: Не е точно дека Канческа-Милевска се вратила во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Не е точно дека Елизабета Канческа-Милевска се вратила во ВМРО-ДПМНЕ, одговори лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали е точно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се ослободи од сите досегашни и сегашни пратеници на партијата и дали ексминистерката за култура веќе се вратила во ВМРО-ДПМНЕ?

„Не е точно ниту едното, ниту другото. Она што можам да го кажам е дека пратеничките листи ќе бидат набргу познати. Најпрво ќе бидат познати носителите, како што вчера кажав во периодот меѓу 1 и 5 март, а некаде околу 10 март ќе бидат објавени и пратеничките листи. Ќе дознае јавноста кој од постојните пратеници ќе биде дел од новиот парламентарен состав, ќе има како што кажав многу нови листи коишто ќе се најдат на пратеничките листи“, рече тој.

На прашањето како ја оценува изјавата на Оливер Спасовски дека оваа кампања ќе биде една од највалканите кампањи, Мицкоски рече:

„Па видете диригентот, диригира како оркестарот ќе свири. Доколку тој не е способен за ова што се нафати, а очигледно е дека не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа, тогаш ќе има валкана кампања и да подготвени сме да одговориме на нивните нечистотии до крај. Така што тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Обновена тревната површина на Националната арена „Тодор Проески“

Објавено пред

Во период на стопирани спортски активности во државата, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје изврши генерално реконструирање на тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески’’.

Во рамки на генералното реконтруирање извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на коровот на тревата, пресеан е комплетниот терен со високо квалитетни семиња кои ќе обезбедат тревна подлога по сите светски стандарди, а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога.

„Оваа комплетна реконструкција ќе донесе долгорочен позитивен ефект за формата, издржливоста и квалитетот на тревната површина, и ќе значи коплетна подготвеност на стадионот за претстојниот период кога треба да се одигра домашното фудбалско првенство, како и останатите меѓународните натпревари предвидени за периодот кој следува“, велат од АДСДП.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски во Лабораторијата за вирусологија изрази благодарност за пожртвуваноста на докторите

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје.

За време на посетата претседателот беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот Ковид-19.

Пендаровски им оддаде признание за макотрпната работа на докторите и медицинско-техничкиот персонал, кои, како што кажа, по појавата на вирусот работат со засилено темпо и се изложени на висок ризик во својата работа и им честиташе за тимската и пожртвувана работа.

„Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за се ова што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно и како тим и како семејство“, им порача претседателот Пендаровски на вработените.

Вработените во Лабораторијата, поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци.

За време на посетата претседателот повика и на доследно почитување на препораките од надлежните институции со цел справување со последиците од ширењето на коронавирусот.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Националната мрежа против насилство врз жени бара да нема казни за оние кои ќе го напуштат домот поради закана

Објавено пред

Согласно прогласената вонредна состојба во државата и зголемениот ризик од семејно насилство, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара дополнување на одлуката од 06.04.2020 година (36-та седница на Влада на РСМ) за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата,

„Во текот на полицискиот час треба да има исклучоци од санкции за жени жртви и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство. Исто така бараме во текот на временското ограничување на движењето на граѓаните во случај на насилство во домот, по пријава сторителите на семејно насилство да бидат остранети од истиот и да се превземат соодветни санкции против него (приведување, покренување на привремении мерки за заштита и др.) се со цел да се заштити жртвата од идно насилство во својот дом“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет2 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија2 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет3 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион3 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет3 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа6 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија15 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа17 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа17 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија17 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија18 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија20 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет20 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија21 час

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет21 час

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија21 час

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет1 ден

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет1 ден

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија1 ден

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Досие