Македонија
Мицкоски пред евроамбасадорот Гир го презентираше концептот „Македонија за сите луѓе“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир.
Од опозициската партија соопштија дека на средбата двајцата соговорници разговарале на повеќе актуелни политички теми, а Мицкоски на својот соговорник му ја презентирал и концепцијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија за сите луѓе“, како и промоциите на нови политики кои како понуда ВМРО-ДПМНЕ ќе ги престави пред граѓаните на следните избори.
„Мицкоски го информираше евроабасадорот Гир за високиот степен на корупција и криминал во државата, како и за злоупотребата од страна на власта на европското знаме при носењето закони во законодавниот дом, како последен пример за злоупотреба на европското знаме е новиот предлог-закон за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ за текот на средбата.
Претседателот Мицкоски ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на Македонија во Европската Унија, засновата на принципиелна основа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

