Македонија
Мицкоски: Со добри дела и со силна волја можеме да ја вратиме надежта за посветла иднина и да градиме подобра Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление Христово – Водици.
„На сите православни христијани во Република Македонија, во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ им го честитам големиот празник Богојавление – Водици. Овој ден ја симболизира духовноста и нашата силна вера во Бога, бидејќи кога сме силни во духот и обединети во доброто можеме да го победиме секое искушение и секој предизвик“, вели Мицкоски.
„Како народ денес сме соочени со мрачни и тешки премрежија кои ги рушат нашите традиционални вредности кои низ вековите не одржале. Но, тука се и човечките слабости на корупција и криминал, кои ги разјадуваат темелите на нашата држава, на нашиот заеднички дом. Овие проблеми, како никогаш до сега, се закануваат на нашиот опстој и затоа мораме да бидеме единствени и одлучни да им се спротивставиме. Тие се изворот на сиромаштијата, бесперспективноста и целосниот распад на системот во Македонија и потребна ќе ни биде голема мудрост, сплотеност и истрајност тоа зло да го победиме.
Со добри дела и со силна волја можеме да ја вратиме надежта за посветла иднина и да градиме подобра Македонија за нас и за нашите идни поколенија. Тој пат ќе го одиме сите заедно во слога, меѓусебно разбирање и взаемна почит, без разлика на нашата верска, етничка или политичка припадност, затоа што тоа ние аманет од претходните и завет кој ќе го оставиме на идните генерации.
Нека е честит овој светол празник и нека донесе мир и радост во секој дом. Нека е вечен денот Богојавление – Водици. Нека е вечна Македонија. Бог се јави, навистина се јави!“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

