Македонија
Мицкоски: Тешко си ѝ на Македонија ако решението се Заев и Бучковски
Тешко си ѝ на Македонија ако решението се тандемот лепливи прсти – Заев и Бучковски. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагирајќи на информацијата дека Владата го именува поранешниот премиер, Владо Бучковски, за специјален претставник во Бугарија.
„Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, a Заев во неодамнешното интервју ги направи ослободители.
Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет „Тенковски делови“, Заев го враќа на нова врата, која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите.
Луѓето со лепливи прсти – едниот познат по „Бачило“, продажба на ЕВН, „Маѓар телеком“, пасоши, другиот познат по „Глобал“, поткуп – евро за Вицето, „Рекет 1 и 2“, плантажи со марихуана – се тандемот што треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа, за жал, евтино продавање.
Тешко си ѝ на Македонија ако решението се тандемот лепливи прсти – Заев и Бучковски. Ова е предвесник на катастрофата што не смееме да дозволиме да се случи. Затоа, кога овие двајца се во прашање, одговорот е народот“, се наведува во реакцијата на Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

