Македонија
Мицкоски: Функционерите во власта се корумпирани, затоа ни се случуваат несреќи како таа во Бугарија, Тетово и Ласкарци
Во посетата на Свети Николе и тековните проекти на Општината, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во врска со трагичната несреќа која се случи во Бугарија, истакна дека раководните лица од власта се корумпирани и не си ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат несреќи како таа во Бугарија, претходно несреќата во Тетово, како и несреќата со автобусот во Ласкарци.
„Ова е уште една катастрофална постапка на македонските власти, јас сум вчудоневиден од тоа како овој автобус, дури 135 пати ја поминувал границата без да биде запрен, овој за којшто велат дека бил роднина на лидер од владеачка партија, а е директор на овој транспортен инспекторат го нема да излезе во јавноста и да објасни како ова возило и 135 пати ја напуштало границата и како се дозволило ова возило да ги помине сите ако воопшто постојат технички прегледи и да објасни на јавноста што се случува. А, во суштина се случува голема корупција која претставува едно сериозно ткиво коешто шестоко ги има зафатено институциите и системот“, критикуваше Мицкоски.
Тој исто така истакна дека не би било чудно по толку корупција да се продолжи сето ова додека е ова владеачка коалиција на власт, а вели дека од тие причини се потребни брзи парламентарни избори бидејќи оваа влада е некредибилна затоа што народот на локалните избори одлучи, а ВМРО-ДПМНЕ издвојува сериозна победа.
– Се додека оваа некредибилна влада на СДСМ и ДУИ продолжи ќе продолжат поразите, за жал тие порази продолжуваат да не чинат десетици загубени човечки животи, а тоа е поради тоа што раководните лица не ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат вакви несреќи кои овој пат однесоа 45 човечки животи, а пред некој месец во модуларната болница, пред некоја година во Ласкарци со „Дурмо турс“, посочи Мицкоски од Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

