Македонија
Мицкоски: Ќе поднесеме закон за потекло на имот на политичари, еве прво нека ме проверат мене
„Македонија има сериозен проблем со криминалните структури во правосудниот систем. Состојбите се алармантни. Во услови кога имате криминална влада, портите за корупцијата и инструираните одлуки во обвинителството и судството се широко отворени. И тоа не е проблем кој застанува во правосудните лавиринти, судството и обвинителството, тоа е проблем кој е создаден и потхрануван од Владата и Зоран Заев. Зоран Заев, кој за овие три години не направи ништо за да смени нешто во овој корумпиран систем. Ако некој се прашува зошто е тоа така, треба да знае дека Зоран Заев лично е пречката за правдата во Македонија“, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, „преку аферата Кеш гледаме дека правосудниот систем, особено СЈО било претворено во алатка на Зоран Заев и власта за спроведување на политичка агенда, место каде биле вдомени партиски кадри, блиски роднини на судии, обвинители, политичари, дебело платени со парите на граѓаните. Онаа неколкугодишна претстава на СЈО, оние спектакли без правен крај, оние престави на самопрогласените Чарлиеви ангели чии усти беа преполни со зборовите Устав и закони, гледаме дека најмалку се бореле за правда, туку за прогон, но пред сè за заштита на криминалот. И не се жалело пари за тоа“.
„Десетици илјади евра, неколкупати повеќе од основната плата, која, пак, исто така се брои во неколку илјади евра и е далеку повисока од која било друга државна плата, без контрола биле плаќани во форма на награди и паушали. Па затоа во изминатиов период читавме провладини пера, гледавме платеници кои ја бранеа Катица и СЈО, го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ, мене, а ја бранеа Власта и Зоран Заев. Гледаме како тоа СЈО си имала и приватна полиција платена со народни пари, преку началникот на ‘алфите’. Гледаме како и ќерките, синовите, внуците на судиите, обвинителите, зеле покрај платата и паушали во илјадници евра. Речиси немало вработен кој не е таму по пат на непотизам, или по партиски клуч да му служи на Зоран Заев и СДСМ. И наместо правда, добивме рекет, наместо правна разрешница, добивме изигрување на процедурите, наместо независност, добивме партизираност, наместо заштита, добивме атак врз словото на Уставот и законите“, додаде Мицкоски..
„Уште во јули побарав истрага за работата на обвинителите, а тоа од власта беше лажно интерпретирано како обид да се спречи правдата. Денес кога гледаме дека нема никаква правда од овие обвинители, Заев за да одбегне одговорност за состојбите, и тој бара истрага. И навистина е лицемерно Заев да излегува со видеообраќање на кое повикува прочистување на нечесни судии и обвинители, кои, пак, се хранат од неговата рака како што се гледа преку аферата ‘Кеш’. Не е само проблемот што има судии и обвинители кои се корумпирани, туку што Заев е браната да се стигне до откривање на тој криминал.
Аферата ‘Кеш’ покажува колку само ни е гнил правосудниот систем кој е ставен во функција да им служи на власта и интересите на Зоран Заев. Добивме политичари кои се над државата, со преку ноќ стекнат имот кој се брои во милиони евра, и обвинители и судии кои без основа зеле државни пари, а не носеле правда и заштитувале неправда“, ддаде тој.
ВМРО-ДПМНЕ бара итна, неодложна и сеопфатна истрага за аферата ‘Кеш’, пред сè истрага за работата на обвинителите од поранешното СЈО, но и другите обвинители од редовното обвинителство и судии кои не постапуваат или молчат пред евидентната лавина на скандали и афери.
„Истрага и за начинот на кој се доделувале и злоупотребувале народните пари. И зошто се молчи за десетици афери. Таа истрага треба да биде и под силна лупа на Европската Унија и меѓународните сојузници, со оглед на фактот на високиот степен на инкриминираност на власта во овие процеси. Второ, согласно Уставот ќе продолжиме закон со кој ќе се овозможи проверка на потекло на имот на судии, обвинители, политичари носители на јавни функции. Да го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот, не само да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во буџетот на Македонија, согласно Уставот. Мора да се врати одземеното на народот. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чувствуваат заштитени. Еве јас ќе ги повикам институциите прв да ме проверат мене и моето семејство, но на иста таква проверка да подложи и Заев, министрите, директорите, судиите, обвинителите. Сè што има индиции за нечесно стекнат имот да биде вратено кај народот.Само така ќе добиеме правда. Ако ова не биде прифатено од страна на Владата и Заев, овие две одлуки ќе бидат реализирани во првите сто дена од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, по предвремените парламентарни избори на 12 април“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

