Македонија
МОН: Расте бројот на ученици што следат онлајн-настава
Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година до денес бројот на ученици што следат настава од далечина е зголемен 17 %, односно околу 87 % од учениците успешно ја следат онлајн-наставата.
„Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. За другите што немаат уреди или интернет-конекција, часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал“, велат од МОН.
Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата.
МОН апелира до наставниците и учениците што се со физичко присуство доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата, со што ќе го спречат ширењето на болеста. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка
Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави пред новинарите директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска-Папестиев, по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата – 61 годишна проворотка.
Бебето се вика Петар, а 61-годишната мајка останала бремена со сопствена јајце-клетка која била замрзната.
Жената е породена со ин-витро процедура, а бременоста и била следена во Македонија, додека раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, кажа директорката.
Петар е тежок 2 килограми и 350 грама и долг 48 сантиметри.
Алексиоска-Папестиев изјави дека пациентката претходно имала три интервенции од кои две во Белград а една на ГАК.
Во текот на бременоста која била контролирана имала висок притисок и шеќерна болест, но се поминало во најдобар ред.
Македонија
Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: Не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот
Раде Трајковски Штекли на својот Инстаграм профил објави оглас за вработување на лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или полициско искуство, да поседуваат дозвола за оружје. За работата ќе им плати три илјади евра и дополнително трошоци за јадење и пат.
„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни се четворица, морално воено или полициско искуство, да поседува дозвола за оружје, плата 3.000 евра (и покриено трошоци за јадење и пат). може од секоја етничка припадност и пол“, се вели во неговата објава.
Штекли неодамна повторно беше мета на напад, кога во дворот на неговиот дом во Ќерамидница беше фрлена бомба. Претходно два пати во него беше пукано во Трговскиот центар Ист Гејт.
Македонија
Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје
Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки автобуси за Град Скопје обезбедени од ЕУ како дел од проектот за чист воздух.
„Би сакала да им посакам барем еднаш да докажат и да покажат, прво, пред граѓаните дека она што го говорат ќе може да го реализираат за на следните избори да имаат поддршка, а во рамките на она што досега сме го виделе, не верувам дека некој ќе мисли дека тоа е така. Затоа што јас кога се кандидирав како градоначалник ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, која, за жал, не успеа да се надмине себеси, односно нејзиното раководство. Суетите се преголеми за да му дозволите некому да работи, без да му кажувате што и како да прави“, посочи Арсовска.
Додаде дека никогаш повеќе не би сакала да работи со луѓе што само саботираат и блокираат.