Македонија
МОН: Училиштата мора да останат безбедна средина за младите
Училиштата се и ќе останат средина во која учениците ќе се чувствуваат безбедно и ќе го развиваат својот потенцијал преку непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес.
Тоа е суштината на постоењето на образовните установи и МОН го осудува секој обид за попречување и прекин на наставата, одвлекување на вниманието на учениците и наставниците од реализацијата на секојдневните училишни, односно работни обврски и создавање непотребни грижи за нивната сигурност во училниците.
Апелираме до училишните раководства да го подигнат нивото на безбедност во училишните објекти и да продолжат со организација на воспитно – образовниот процес.
Локалните самоуправи под чија и надлежност се основните општински и јавните средни училишта, МОН и МВР секогаш излегуваат во пресрет кога е потребна било каква дополнителна поддршка, затоа што сите делуваме во насока на заштита на најдобрите интереси на учениците и воопшто на младите.
МОН ги осудува постапките на субјектите кои ја попречуваа работата на неколку средни училишта во главниот град во изминатите денови. Се надеваме дека од страна на соодветите органи ќе бидат пронајдени и санкционирани час поскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

