Македонија
МТСП: Владата ја усвои националната стратегија за „Тимјаник“
Владата на Македонија на последната седница ја усвои националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ (2018-2027), а Македонија доби поддршка за почнатиот процес на деинституционализација на 20. сесија на Комитетот за правата на лицата со попреченост, што се одржа неделава во Женева.
„Владата на Македонија е посветена да ги трансформира големите социјални установи што нудат институционална грижа за разни категории корисници во социјални сервиси во локалната заедница. Многубројни активисти и лица со попреченост, експерти, практичари, претставници на академската заедница, политички актери и јавни фигури дадоа значајна поддршка и придонес во овој процес“, рече во своето обраќање пред Комитетот, Душан Томшиќ, посебен советник во кабинетот на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, кој ја предводеше делегацијата во Женева.
Делегацијата на Република Македонија на Комитетот му ја искажа подготвеноста за прифаќање на препораките што ќе пристигнат како резултат на дијалогот. Овие препораки со должно внимание и приоритет ќе бидат разгледани на новоформираното владино тело за координација на спроведувањето на Конвенцијата. Исто така, и сите министерства соодветно ќе ги адресираат прашањата во однос на подобрување на состојбите и доследно спроведување на одредбите од Конвенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

