Македонија
МТСП: Исплатата на правата од социјална и детска заштита ќе се спроведе во три групи
Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Корисниците коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина од банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денес, 2 јуни.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

