Контакт

Култура

Над 660.000 евра од Јапонија за инструменти и опрема во Националната опера и балет

Објавено пред

Денеска во просториите на Националната опера и балет вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како претставник на Владата, и амбасадорката на Јапонија во земјава, Кеико Ханеда, како претставник на Владата на Јапонија, потпишаа договор за јапонски културен грант „Проект за подобрување на музички инструменти и опрема за звук и осветлување во Национална установа – Национална опера и балет“.

„Со потпишувањето на овој договор јапонската Влада ќе обезбеди средства во висина од 79.800.000 јапонски јени, односно околу 663.000 евра за набавка на музички инструменти и опрема со кои ќе се придонесе кон подобрување на условите и квалитетот на изведбите во Националната опера и балет, а со што ќе се поддржи културната промоција на Република Северна Македонија пред националната, но и пред светската публика“, истакна Османи, при што нагласи дека ваквите проекти ја претставуваат директната поддршка од страна на Јапонија во културниот и цивилизацискиот развој на земјава.

„Потпишувањето на денешниот договор претставува одлична можност за крунисување на 25 години дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Јапонија, но и доказ за успешната и одлична пријателска соработка помеѓу двете држави“, потенцираше Османи на церемонијата и воедно изрази благодарност до јапонската Влада, до амбасадорката Ханеда и нејзиниот тим во амбасадата, како и до Јапонската агенција за меѓународна соработка за нивната континуирана посветеност во реализацијата на донациите од Јапонија, кои оваа година резултираа со зголемување на развојниот буџет за нашата земја.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Музичка „Бајка“ со оркестарот на Филхармонијата

Објавено пред

„Бајка“ е наслов на концертот што оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи овој четврток во 20 часот. Како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка Естер Ју, а диригент е Чарлс Оливиери Мунро од Малта. На програмата се Концертот за виолина и оркестар од А. Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Б. Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Ј. Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралицата Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше уметник на новата генерација на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

Естер Ју е исклучителна американска виолинистка која го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралицата Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше уметник на новата генерација на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична. Естер Ју е исклучително софистицирана и интелигентна виолинистка со препознатлив стил на изведба. Почнала да свири виолина на пет години.

„Мојата баба беше пијанистка, но и целото мое семејство сакаше класична музика. Израснав слушајќи секаков тип музика уште од бебе. Раните години од детството ги поминав во Њу Џерси, во дел кој е многу блиску до Њујорк, а моите родители ме носеа на извонредни концерти во ‘Карнеги хол’ и ‘Линколн центарот’ уште кога имав три години.

Седев мирна на овие концерти, маѓепсана од музиката и од она што се случуваше на сцена. Првиот инструмент на кој почнав да свирам беше пијано кога имав четири години, но набргу потоа посакав да свирам виолина инспирирана од виолинистите што ги слушав на концертите на кои одев како дете. Бев многу срамежлива како мала, а свирењето виолина ми помагаше да изразам емоции во сигурна зона“, вели Естер Ју.

Оваа значајна виолинистка вели дека маестро Лорин Мазел бил една од нејзините најголеми инспирации.

„Имав среќа да запознам и да работам со легендарни музичари, кои ми беа најголема инспирација. Маестро Лорин Мазел ми беше голем ментор, тој ме запозна и ме научи како да се справам со предизвиците што одат рака под рака со музичкиот живот. Маестро Владимир Ашкенази, со кого имав можност да снимам два албума и да свирам на неколку концерти, ме научи како да создавам музика и да бидам позитивна и да се забавувам на сцената. Маестро Еса-Пека Салонен е исто така важен во развивањето на мојата музичка визија. Со него имав турнеја и тој ми покажа нови патишта на звукот за кои не бев свесна дека постојат. Генерално, најмногу се инспирирам кога директно контактирам со луѓе – без разлика дали разменувам идеи со некој голем диригент, свирам камерна музика со исклучителни колеги или влегувам во страсни дискусии со луѓе што немаат допирна точка со музиката“, вели Ју.

Прикажи повеќе...

Култура

Операта „Магбет“ во Националната опера и балет

Објавено пред

Националната опера и балет ја најавува изведбата на операта „Магбет“ на 21.2.2020 (петок), со почеток во 20 часот.

Драма, можеби една од најзначајните на Шекспир, што ги отвора прашањата за човековата психологија, алчност и желбата за власт, кои го уништуваат здравиот разум.
Ова е оперското дело со кое Џузепе Верди воспоставува уметничка врска со Шекспировите драми, па правејќи многубројни исклучоци од традиционалната италијанска опера и промена во личниот музички израз, ни ја претставува приказната за деструктивноста на човековата природа преку главните ликови на Магбет и Леди Магбет.

Состојбата на нивниот дух, која носи фатални последици и загрозува многу човечки судбини, на сцената на Националната опера и балет ќе ја донесат првенците Борис Трајанов и Весна Ѓиновска-Илкова.

Диригентската палка овој пат е во рацете на маестро Диего Гарсија Родригез од Шпанија, кој не ја крие возбудата за овој свој дебитантски настап пред македонската публика на сцената на Националната опера и балет.

Во другите улоги настапуваат: Александар Стефаноски, Никола Стојчески, Катерина Митева, Дејан Стоев, Диме Петров, Борко Биџовски, Марко Гапо, Димитар Кожухаров, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Режисер: Марко Спада (Италија), Сценограф: Мауро Тинти (Италија), Костимограф: Раде Василев, Кореограф: Олга Панго, Концерт-мајстор: ас. хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска, ас. режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска, Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн.

Прикажи повеќе...

концерти

Женскиот квартет „Фрајле“ настапува во Битола

Објавено пред

Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава почна со двата концерта на Камерниот оркестар за кои се бараат билети плус, а крајот на февруари, поточно на 29, сабота, од 20 часот, ќе го означи концертот на познатиот новосадски женски квартет „Фрајле“.

Четирите дами – Невена, Јелена, Марија и Наташа, познати по својата појава и музички стил, кој се толкува како „Војводинско танго“, во 11-годишното музичко патување пропатувале половина свет со својата музикa. На листата со настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.

На 29 февруари Битола е на календарот.

Сите оние што барем еднаш гледале нивен настап, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува.

Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции, кои го допираат срцето, и тоа трае од 2009 година.

Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, членките на „Фрајле“ се исклучителни и во обработките.

Деновиве, својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија со симпатични видеа, во кои ја пеат „Битола, мој роден крај“, а сите оние што сакаат да ги чујат четирите дами во едно шоу, на 29 февруари може да дојдат во Битола.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 19 февруари, од 16 часот, на билетарницата во Центарот за култира во Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Јовановски два пати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки кои биле спроведувани од 21 јуни 2019 година спрема обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милевски,...

Македонија1 час

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија2 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет4 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ4 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет4 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет5 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет6 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија17 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија19 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија20 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија21 час

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија21 час

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија22 часа

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија23 часа

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија24 часа

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија1 ден

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија1 ден

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија1 ден

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Досие