Македонија
Најладно утрово на Попова Шапка
Утрово најладно е на Попова Шапка каде се измерени -2 степени, -1 е измерен во Маврови Анови и Лазарополе, 1 Крушево, 2 Берово, 3 Дебар, 4 Тетово, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип, Виница, 6 Кавадарци, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува 40 сантиметри на Попова Шапка, 37 Маврови Анови, 18 Крушево, 5 Лазарополе.
Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини (Прилеп и Струмица) има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Утринава пороен дожд има во Битола, а врне и во Гевгелија.
Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

