Македонија
На Инфективната клиника 37 пациенти со морбили
На Инфективната клиника во моментот се хоспитализирани 19 возрасни и 18 деца со морбили, односно вкупно 37 пациенти со морбили. Еден пациент се наоѓа во потешка состојба на одделот за интензивно лекување, соопшти Министерството за здравство.
Во текот на вчерашниот ден биле прегледани тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца возрасни пациенти се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, а една пациентка е хоспитализирана на Клиниката. Станува збор за 29-годишна пациентка од Скопје, без податок за вакцинален статус.
Во согласност со податоци од Институт за јавно здравје, во периодот од 2 март до 8 март 2019 година пријавени се 83 сомнителни случаи на мали сипаници, а од почетокот на епидемијата во Скопје вкупно се регистрирани 493 случаи на мали сипаници.
Од почетокот на епидемијата вкупниот број на вакцинирани лица во Скопје е речиси 10 илјади лица, а вкупен број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП-вакцина од почетокот на епидемијата во државата изнесува 15.151 лице. Високиот одѕив на вакцинацијата, велат од Министерството, ќе придонесе за кревање на колективниот имунитет.
Во текот на минатата недела во Институтот за јавно здравје се пријавени 2.678 случаи со симптоми на грип, што е 16,5 отсто намалување во споредба со една недела пред тоа. Вкупниот број на заболени од грип оваа сезона изнесува 15.201 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

