Контакт

Македонија

На Табановце се чека околу еден час, а на Богородица 40 минути

Објавено пред

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

dobivaj vesti na viber

На ГП Табановце се чека околу 60 минути, а на ГП Богородица се чека околу 40 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија

СДСМ се оградува од објавата за приемот на војници преку штаб во Арачиново

Објавено пред

СДСМ се оградува од објавата на фејсбук-страницата на СДСМ Арачиново преку која беа повикани оние што се пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армиајта да отидат во партиското седиште.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ велат дека станува збор за злоупотреба на страницата спротивна со вредностите и политиките на СДСМ за што ќе следува целосно расчистување на случајот и одговорност.

„Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција, која нема никаква врска со ниту една политичка партија.

По спроведените реформи во изминатите години, токму од страна на СДСМ, одлика на Армијата е професионалност и стручност по највисоки стандарди за што сите ние особено се гордееме.

Впрочем, затоа и Ковачки веќе не е дел од Армијата, дезертира и избра да му служи како чирак на шпицниот градоначалник Мицкоски“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, откога на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново осамна објава – сите што се пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армиајта да отидат во партиското седиште на СДСМ Арачиново.

dobivaj vesti na viber

„Почитувани сонародници, ги повикуваме сите штосе пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидати, да се јават кај раководителот на разгранокот Арачиново или кај членовите на раководството на разгранокот на СДСМ Арачиново“, стои во соопштението

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција вечерва оцени дека ова е дебакл и срам за Армијата, но и срам за НАТО.

„Ја повикуваме Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Петровска ги посрамоти и АРМ и НАТО. Но, ова е и работа што не може да помине без знаење на дезертерот Ковачевски и неговиот калфа Миле Зечевиќ. Тие се директно одговорни бидејќи партиските претседатели одговараат директно пред нив. Дезертерот Ковачевски, калфата Зечевиќ и Славјанка Петровска директно ги загрозуваат НАТО, колективната безбедност и кредибилитетот на алијансата. Ова е срам за Владата, срам за АРМ. Потребни се оставки веднаш“, рече Стоилковски.

Тој обвини дека владејачката партија ги користи партиските разграноци како центри за вработување и центри за регрутација на војска, а вработување добиваат само партиски подобните, а не квалитетните, туку оние што ќе добијат дозвола од партискиот претседател и локалното раководство на партијата.

Ова е доказ, рече Стоилковски,  дека институциите се заробени и дека не постои мерит-систем, туку партократија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ги намали 50 отсто надоместоците за Управниот одбор на „Водостопанството“

Објавено пред

Владата ја разгледа информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“ за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување за утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше упатено барање за ревидирање на платите до АД „Водостопанство“.

dobivaj vesti na viber

Беше донесен заклучок со задолжување Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии.

Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат 50 проценти.

Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД „Водостопанство“ да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари, со што се намалува финансискиот план за износот што е предложен од нивна страна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, откога на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново осамна објава –...

Економија9 часа

ЕСМ од Владата доби 1,1 милијарда денари за да може да купува гас

Владата на денешната седница одобри 1,1 милијарда денари за набавка на енергенти пред почетокот на грејната сезона на АД за...

Свет10 часа

Столтенберг: НАТО недвосмислено го поддржува суверенитетот на Украина, референдумите го кршат меѓународното право

Лажните референдуми во Украина се јасно кршење на меѓународното право, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Столтенберг рече дека...

Економија12 часа

Николовски: 140 милиони денари за млекопроизводителите и 20 милиони за откуп и дистрибуција на јаболкото

Владата на седница усвои две нови мерки за поддршка на земјоделците. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, образложи дека мерките опфаќаат...

Македонија14 часа

Автомобил падна од мост во реката Вардар, внатре најверојатно имало луѓе и по нив се трага

Автомобил падна од мост во реката Вардар, движејќи се на патот с. Желино кон Тетово. Случајот бил пријавен преку бројот...

Европа15 часа

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека жетвата на жито во Русија ќе достигне рекордно ниво и оцени дека санкциите...

Економија16 часа

Kовачевски: Прашањето со парно греењето уште не е решено, се бара решение

Владата има 19 дена да најде решение како ќе ги стопли жителите на Скопје, откако БЕГ кажа дека нема намера...

Топ17 часа

Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје – го удирал со раце и нозе по главата

Тримесечно бебе починало откако таткото го истепал, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото. Oсновното јавно обвинителство...

Македонија18 часа

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

Министерството за надворешни работи упати јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да се...

Свет19 часа

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

Јапонското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до рускиот амбасадор во таа земја, Михаил Галузин. Причината е приведувањето на...

Свет19 часа

Рогов: Зеленски е предавник и странски шпион

Членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, изјави дека против претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да...

Свет19 часа

Медведев се закани со нуклеарно оружје: Ова секако не е блеф

Дмитри Медведев, поранешен претседател на Русија и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, повторно го споменува нуклеарното оружје. „Нашите непријатели...

Забава19 часа

(Видео) Историски момент за НАСА – вселенското летало Дарт успешно се судри со астероид

Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“...

Свет20 часа

(Видео) Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

Јапонија воведе строги безбедносни мерки во главниот град Токио за денешниот државен погреб на убиениот поранешен премиер Шинзо Абе. На...

Свет20 часа

Кремљ призна: Имаше грешки за време на мобилизацијата

Кремљ призна дека направиле грешки кога ги мобилизирале резервистите на руската армија да се борат во Украина, а повеќе извештаи...

Спорт1 ден

Црвениот картон пресуди: Бугарија минимално триумфираше во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија со 0:1 на арената „Тодор Проески“ во последниот меч од Лигата на нации...

Регион1 ден

Србија со жесток одговор за Брисел – Вучиќ ќе го соопшти во следните 72 часа

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, подготви дециден и жесток одговор до Брисел, а одговорот на јавноста ќе ѝ биде соопштен најдоцна...

Свет1 ден

Путин му додели руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и му додели руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција, Едвард...

Свет1 ден

Убиецот од Русија боледувал од шизофренија: лекарите се борат за животот на девет деца

Артем Казанчев (34), кој денеска уби 15 луѓе во училиштето „88“ во Ижевск, Русија, а рани уште најмалку 20 други,...

Економија2 дена

БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на...