Контакт

Македонија

Невреме во Скопје со пороен дожд и град

Објавено пред

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и град го зафати попладнево Скопје. Улиците побелеа од градот што паѓаше, а беше со големина на орев.

Според најавите на метеоролозите и утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи во делови од земјата.

„Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, елатектрични празнења и изолирана појава на град“, информира УХМР.

Македонија

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Објавено пред

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се повлекува од партиската функција, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Поради лични причини се повлече Игор Јанушев, но тој ќе продолжува да придонесува и помага во ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Му се заблагодарувам за досегашниот ангажман“, рече Мицкоски.

Новиот состав на ИК ќе го сочинуваат: Александар Николовски, Владимир Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриеска Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира, но предлогот му бил одбиен.

Изјава по состанок со Централниот Одбор, 21.09.2020

Изјава по состанок со Централниот Комитет, 21.09.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 21 септември 2020

„Јас не бегам од моите принципи и затоа иако до ден-денешен не беше поднесена никаква иницијатива за вонреден конгрес од страна на оние што водат хајка врз мене, а целта е ВМРО-ДПМНЕ, само така служејќи му на Заев. Јас на сопствено залагање поднесов предлог за свикување вонреден конгрес, на кој јас нема да се кандидирам. Централниот комитет, без моето присуство по напуштањето на салата во која се одржуваше седницата, едногласно го одби моето барање и не се согласи со ваквиот предлог, а со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Тој изјави дека отворено дискутирал за неговото речиси тригодишно управување со партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ е столбот на македонизмот. Наша цел е победа против мафијата“, рече Мицкоски.

Тој ја информира јавноста дека генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се повлекол од партиската функција поради приватни причини и му се заблагодари за неговиот ангажман.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Отворени сме за регионална соработка на патот за исполнување на евроинтеграциската стратешка цел на земјата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (СРС), Мајлинда Брегу, која ја посети нашата земја како дел од агендата за посета на земјите од регионот.

„На средбата беше истакната важноста на постојано унапредување на регионалната соработка меѓу земјите од регионот во справувањето со предизвиците земајќи ги предвид потребите во делот на економскиот развој, подобрување на конкурентноста, унапредување на дигиталната инфраструктура и вложување во слободен проток на трговија. Беа истакнати повеќе активности на Советот за регионална соработка, насочени кон олеснување и унапредување на регионалната соработка со цел остварување на евроинтеграциската стратешка цел на нашата земја, која е посветена на одржување пријателски односи со соседите и надминување на економско-здравствената криза“, соопштија од Владата.

Заев изразил уверување дека Владата гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети, членство во НАТО и ЕУ, унапредување на меѓуетничките и добрососедските односи и продолжување на напорите за економски раст и развој и успешно справување со светската пандемија на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија6 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет6 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија7 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија7 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија8 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија9 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија10 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа12 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија12 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија12 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет13 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија14 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет1 ден

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија1 ден

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија1 ден

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија2 дена

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија2 дена

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Досие