Македонија
Не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот во Македонија
Испитувањето на четириесет и осум пациенти во изминатите две три недели покажало дека кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, потенцирајќи дека станува збор за тип на вирусот кој предивикува голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји. Сепак, како што посочи министерот, не може да се сопре тој сој на вирусот за влезе во земјата.
Министерот предупреди дека сме соочени со огромен ризик во претстојниот период да имаме нов силен бран на кКовид, и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници.
Пред почетокот на состанокот со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Филипче изрази надеж дека претставниците на синдикатите ќе сфатат колку е важно да се усвојат новите мерки што ќе се најдат на седница на Владата.
Согласно мерките на Комисијата за заразни болести, се предлага сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа, за да одат на работното место, да прикажат сертификат за барем една доза примена вакцина, направен ПЦР-тест не постар од 72 часа на своја сметка, потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или потврда дека не можат да примат вакцина поради здравствени причини.
Комисијата предлага и вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

