Контакт

Македонија

Не е за пиење водата во тетовските села Мерово, Луковица и Седларево, како и во прилепското село Ропотово

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи Тетово, извести дека од Центарот за јавно здравје ЈЗУ – Тетово добиле информација дека испитаните примероци на вода за пиење од селата Мерово, Луковица и Седларево (Општина Желино) не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа.

dobivaj vesti na viber

„Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата за да може да се употребува за пиење“, велат од ЦУК.

РЦУК Битола, информира дека од Центар за јавно здравје ЈЗУ – Прилеп е докажана здравствена микробиолошка неисправност на водата за пиење од регионалниот водовод (Општина Долнени) во с. Ропотово и во основното училиште на с. Ропотово.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Фон дер Лајен го потсети Мицкоски: Треба да поминат уставните промени кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи а проширувањето ќе остане приоритет за ЕК во следните пет години

Објавено пред

Добро е да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и покажавте одлучност во преземањето на секој чекор. Сакам да ја пофалам Севрна Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, сакам да одадам почит и на фактот дека сте сто проценти усогласени со нашата надворешна и безбедносна политика и да ви се заблагодарам за поддршката за Украина, истакна претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно побрзо. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени кои што вашата држава се согласи дека ќе ги направи и со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги преземат потребните одлучни чекори за напредок и уверена сум дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат„, рече таа.

Го увери премиерот дека проширувањето ќе остане врвен приоритет за ЕК во следните пет години.

Зборувајќи за планот за раст за Западен Балкан Фон дер Лајен истакна дека тоа е заеднички патоказ за да се интегрираат економиите, а вратата на единствениот европски пазар како што рече е отворена за одредени компании од Северна Македонија. За возврат како што порача ние треба да спроведеме важни реформи за да има изедначено поле за игра а тоа ќе биде придружено како што нагласи со дополнителни инвестиции од ЕУ во Северна Македонија.

„Северна Македонија заврши навистина добра работа, имаме одлични реформи и треба да добиете повеќе од 750 милиони евра според планот за раст. Младите луѓе никогаш нема да ни простат ако не одговориме на предизвикот. Треба да направиме Северна Македонија да биде дел од ЕУ“, нагласи Фон дер Лајен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање дали во ЕУ има расположение за планот за уставни измени со одложено дејство и дали би добиле некаква гаранција доколку тие се спроведат, дека нема да има нови барања од Бугарија, Мицкоски напомена дека само со таа синергија ќе се дојде до конечната цел а тоа е земјава да стане дел од европското семејство.

-Мислам претседателката беше многу јасна и прецизна на прес-конференцијата. Потребно е да работиме, потребно е да работиме напорно за да дојдеме до целта, а целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ. Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги споделуваме европските вредности. Ќе направиме се што е потребно од наша страна да ја доближиме ЕУ до граѓаните, нешто што претставува и задача наша, но и желба, бидејќи повеќе од 75 проценти од граѓаните иднината ја гледат токму како дел од европското семејство. Јас како прв човек на Владата, ќе продолжам да работам исклучиво во интерес на граѓаните и тоа што за нив претставува прв приоритет, а нивен прв приоритет е истовремено да живеат подобро, да владее правото, да се постигнуваат реформи, европските вредности да бидат дел од нашето секојдневние, но истовремено да бидат зачувани гордоста, достоинството, да не бидат понижени и да не бидат поразени. И мислам дека ако направиме една убава синергија, на сето ова за коешто зборував како одговор на вашето прашање, мислам дека ќе дојдеме до конечната цел, а конечната цел е да бидеме дел што е можно поскоро од европското семејство, нагласи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Струмица откриени 11 лица што вршеле јавен превоз без лиценца

Објавено пред

Вчера на полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија и ОВР Валандово на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Гевгелија, Богданци и Валандово извршиле контрола на патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(35) од Струмица, патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од село Баница, струмичко,  патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Х.К.(30) од Струмица,  патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од село Баница, струмичко, патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(33) од Струмица, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.А.(44) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(35) од село Пиперево, општина Василево,   патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Баница, струмичко и патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(44) од село Доброшинци, општина Василево.

dobivaj vesti na viber

При контролата било констатирано дека возачите со возилата вршат јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Фон дер Лајен го потсети Мицкоски: Треба да поминат уставните промени кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи а проширувањето ќе остане приоритет за ЕК во следните пет години

Добро е да се слушне дека сте толку посветени на вашиот пристапен пат кон ЕУ. Северна Македонија постигна многу и...

Македонија14 минути

Мицкоски: Целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна...

Македонија2 часа

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов,...

Македонија2 часа

(Видео) Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и наркобосовите, прашува Кузеска

„Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се...

Македонија3 часа

Таравари ја прими вакцината против грип и повика граѓаните да се заштитат: Спречува компликации, особено кај повозрасните што имаат и други болести

Министерот за здравство, Арбен Таравари, и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, утрово се вакциинираа против грип и...

Македонија3 часа

Маж падна во бездна со мотор кај Црно Езеро на Шар Планина, полицијата успеа да го извлече

Вчера, во 17.31 часот, примена е пријава за повредено лице по пад во бездна со мотор. Локација била на тешко...

Македонија5 часа

Од денес стапуваат во сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижностите, намалени и до 75 отсто

Од денес стапуваат на сила новите намалени цени за голем дел од услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Минатата...

Европа5 часа

Познат идентитетот на загинатите во терористичкиот напад во Анкара

Откриен е идентитетот на загинатите во вчерашниот терористички напад во Анкара, јавува Анадолија. Во терористичкиот напад загинаа Џенгиз Чоскун, кој...

Регион5 часа

Вулин: Вучиќ и Путин се пријатели

Потпретседателот на српската влада Александар Вулин престојува во Казан, каде се одржува самитот на БРИКС во организација на Владимир Путин....

Свет5 часа

(Видео) Страшна бура ги опустоши Филипините, најмалку 26 загинати

Тропската бура Трами уби најмалку 26 луѓе, а повеќе од 150.000 принуди да ги напуштат своите домови на Филипините, соопштија...

Свет6 часа

Камала го нарече Трамп фашист

Американскиот потпретседател и кандидат за претседател Камала Харис изјави дека нејзиниот противник Доналд Трамп е авторитарец кој не се грижи...

Европа6 часа

Експлозија во „Тојота“ во Болоња: двајца работници загинаа, неколкумина повредени

Вчера во попладневните часови, во фабриката „Toyota Material Handling“ во Болоња се случи силна експлозија која однесе два животи, а...

Свет17 часа

Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција

Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи....

Македонија22 часа

Мицкоски иницира проект за национална стратегија: „Ако сега не си помогнеме ќе бидеме зомби држава“

Денешниот празник да го славиме сите – и левата и десната страна. За Македонија да биде силна и напредна држава...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ослободуваат криминалци и нарко босови

Опозициската СДСМ ги опиша како шокантни и скандалозни помилувањата на десет лица од страна на претседателката Сиљановска-Давкова. Партиската портпаролка, Богданка...

Топ1 ден

Застрелан маж во Арачиново – му рекле да излезе пред куќата, па му пукале во нога

Арачиновец бил повикан да излезе пред неговата куќа, а потоа бил застрелан. Четириесет и двегодишниот маж синоќа бил донесен на...

Македонија1 ден

Урсула фон дер Лајен ја почнува четиридневната посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја почна четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе се...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува десет осуденици, a решенијата се објавени во Службен весник“. Според тоа, извршувањето на изречената казна...

Македонија1 ден

Да си ја чуваме татковината, оти друга немаме, порача Сиљановска во честитка по повод денешниот празник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Почитувани сограѓани,...

Свет1 ден

Бајден: Нашата демократија е загрозена ако победи Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека републиканецот Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „политички“ затворен. „Мораме...