Македонија
Низ болниците во земјава хоспитализирани се 1.072 ковид-пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.072 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 613 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 89 пациенти позитивни и суспектни на Ковид. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 80, во ковид-центарот во Гостивар 38, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациенти, во Кочани 39 во Кичево 20, Кавадарци 20, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на коронавирусот“, посочуваат од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Украдени капаци од шахти во Карпош

Во текот на минатата ноќ на булеварите Илинден и 8 Септември и на улица Карпошево Востание украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека во најбрз можен рок тие ќе бидат заменети.
Случајот е документиран и пријавен во Полициската станица Карпош.
„Воедно, сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните да не се крадат капаци и решетки од улиците бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Македонија
На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 314 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп – 35, во ковид-центарот во Гостивар – 19, а во Струга – 11 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани – 1 во Кичево – 13, во Кавадарци – 20, во Гевгелија – 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти што се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во земјата е 598 и има речиси 650 празни болнички кревети во ковид-центрите.
„Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти МЗ.
Македонија
Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

Инспекторите затворија угостителски објект во Куманово, кој работел по 18 часот, а во него биле затекнати и гости.
Вчера, во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на улицата Професор Мијаковиќ во Куманово. При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати десет гости и сопственикот М. С. (48) од Куманово.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира