Македонија
Николова: СДСМ инвестира во повисоки плати, нови училишта и повисок ученички стандард
СДСМ инвестира во повисоки плати, нови училишта и повисок ученички стандард, изјави на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.
Таа образложи дека со постигнатиот договор меѓу Владата и Синдикатот, за пет години платите во образованието вкупно ќе пораснат за 36 отсто во споредба со 2017 година. Освен во основното и средното образование, вели Николова, растат платите и на вработените во високото образование.
„За првпат беше потпишан Колективен договор со што платите во високото образование се зголемија за 10 отсто, a со тоа почна исплатата и на минатиот труд. Меѓу првите одлуки на Владата предводена од СДСМ беше укинувањето на екстерното тестирање кое не само што беше непотребен товар за учениците, беше и алатка за притисок кон наставниците. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици. Двојно ги зголемивме стипендиите за студентите, а за првпат воведовме и стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари“. изјави Николова.
Како што рече, грижата на СДСМ за образованието е постојана, но, за жал, во Собранието, блокиран е Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта што ќе обезбеди уште повисоки плати и трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

