Македонија
Николовски и Груби за Пауновски: Неприфатливо е да не се почитуваат одлуките на Владата

Пауновски знае дека инспекторатите добиваат 104 вработувања, од кои 15 се за Државниот пзарен инспекторат и се надвор од оние според правична застапеност неприфатливо е да не се почитуваат одлуките на Владата, се наведува во заедничко соопштение на вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, и на вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Во него се наведува дека административците се распоредуваат во друга институција од јавен сектор на соодветно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува.
„Овие лица се веќе вработени, за нив не се потребни дополнителни финансии и во согласност со планот, по распределбата во конкретните институции, нивната работа ќе биде оценувана според критериумите на мерит-системот. Административните службеници што се распоредуваат не се замена за редовните побарувања за кадрите што ги имаат институциите, како, на пример, побарувањата што ги имаат инспекторатите. Побарувањата за нови вработувања одат преку засебна, целосно одвоена процедура, врз која никако не влијаат овие распоредувања“, се наведува во соопштението.
Во согласност со тоа, се додава во него, Владата на 43-тата седница има донесено и одлука за 104 нови вработувања на инспектори во инспекторатите, при што ги има задолжено министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за политички систем да ги одобрат годишните планови за вработување на инспекциските служби, а особено за Државниот пазарен инспекторат. Груби и Николовски велат дека станува збор за нови вработувања, кои никако не се поврзани со распределбата на веќе вработените според правична застапеност.
„Владата нема очекувања ниту побарувања распределените лица во Инспекторатот да ги вршат работите на инспекторите, но Владата знае дека во сите институции има потреба од дополнителен ангажман на разни нивоа, особено ако за тоа институцијата нема дополнителен финансиски трошок. Затоа, не треба да се манипулира јавноста дека ова распоредување, кое е во согласност со усвоен закон и во согласност со одлуките на Владата, ја заменува потребата од нови кадри“, се наведува во соопштението.
Груби и Николовски во заедничкото соопштение наведуваа дека за секое несогласување за владини одлуки постоеле и постојат јасни механизми тоа да се оствари со институциите преку соодветната организациска поставеност, преку службени белешки, преку работни состаноци, на кои се аргументираат спроведувањето на политиките и одлуките во реализацијата на програмите на Владата.
Тие исто така ја известуваат јавноста дека премиерот Зоран Заев вчера имал обид за директна комуникација со директорот Пауновски со цел изнаоѓање заедничко решение, но Пауновски не одговорил на повикот.
„Со истапувањето од јасно утврдени канали за комуникација во рамките на владините институции, експлицитно се прекршуваат членот 4 и членот 6 од Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата“, се наведува во соопштението.
Претходно, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, објасни дека одбил вработување на рамковните административци бидејќи, според систематизацијата на Државниот пазарен инспекторат, тие не ги исполнувале критериумите. Тој побара рамковните, кои ѝ се доделени на институцијата со која раководи, да ги земе друга, каде што ќе може да работат според образованието.
По ова, премиерот Зоран Заев изјави дека очекува Пауновски да биде разрешен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.