Македонија
Николовски од Велес: Минималната плата ја качивме на 14.500 денари, ќе порасне до 20 илјади денари
„За овие две и пол години видовме дека со домаќинско работење е можно, и тоа за краток временски период, да ја качиме минималната плата за 60 проценти, односно од 9.000 на 14.500 денари. Во следниот мандат нашиот збор е дека минималната плата ќе ја покачиме за 120 проценти од износот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на 20 илјади денари. За жал, истите кадри од времето на режимот на Никола Груевски, кои 11 години ја држеа замрзната минималната плата, денеска сè уште се во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и тврдат дека е невозможно да се зголеми минималната плата. Еве се виде дека е возможно, затоа што се работи домаќински и затоа што парите се враќаат кај граѓаните, а не се носат на Белизе, како што правеа тие“, порача на денешната трибина во Велес генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски.
Тој нагласи дека за само три квартали граѓаните добиле над 10 милиони евра преку проектот „Мој ДДВ“ и најави дека во новиот мандат износот за поврат на ДДВ ќе се зголеми од 600 на 800 денари.
„Денеска со стопанствениците во Велес разговарав и тие се задоволни и од мерките на Владата за санирање на штетите од корона-кризата. Во Велес 9.964 граѓани веќе добиле платежни картички од по 9.000 денари, млади, невработени за кои државта се грижи. Денеска 3.600 вработени во Велес, во ваква криза, преку нивните фирми добиле субвенции на плата во износ од 14.500 денари. Над 160 компании од Велес добиле бескаматни кредити. Денес парите се враќаат во стопанството и кај граѓаните затоа што се работи домаќински“, рече Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

