Македонија
Николов: На лекарите им е забрането да користат одмори или отсуства, а владини функционери уживаат во Мексико и Дубаи
Откако донесоа одлука здравствените работници да не смеат да користат годишен одмор, платени и неплатени отсуства, владини функционери заминаа на одмор и тоа не на понормални дестинации, туку во Мексико и Дубаи, обвинува Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
Службен весник. Одлука. (чл.13 точка 4) се забранува користење годишни одмори, платени и неплатени отсуства за сите…
Posted by Igor Gila Nikolov on Четврток, 18 март 2021
„Медицинскиот персонал не е одморен и не е отиден на одмор од почетокот на пандемијата, за тие господа да можат да уживаат и да се прават дека помагаат во пандемијава“, вели Николов, кој цитира и член од Службениот весник: „(чл.13 точка 4) се забранува користење годишни одмори, платени и неплатени отсуства за сите вработени во здравствениот сектор“.
Претставникот на опозициската партија воедно побара функционерите, како што вели, да покажат малку срам и солидарност и да си поднесат оставки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

