Македонија
Николоски: Барањето на ДУИ за премиер Албанец е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ
Барањето на ДУИ за премиер Албанец е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на новинарско прашање што доколку по изборите се создаде ситуација да не може да се формира влада без коалиција со ДУИ, дали ВМРО ДПМНЕ е подготвено да го прифати нивниот предлог за премиер Албанец?
„Ние сме убедени дека ќе победиме на овие избори и ќе победиме така убедливо да нема да има дилема околу формирањето на владата, а уште помалку ќе има дилема околу тоа кој ќе биде премиер на следната влада. Ние имаме кандидат за премиер тоа е претседателот на партијата Христијан Мицкоски и Христијан Мицкоски ќе биде премиер на владата на Република Македонија. По однос на барањето на ДУИ кратко едноставно тоа е неприфатливо за нас, сметаме дека е од пропагандни цели и дека тоа барање не може на ниеден начин да биде прифатено од ВМРО ДПМНЕ и нема да биде прифатено ни сега ни во иднина“, кажа Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

