Македонија
Николоски: Дали Филипче знае дека Пендаровски за него озборува дека е уживател на психотропни супстанции
„Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува. Не одговори зошто ги потпиша измените на кривичниот законик со кој што се амнестираше криминал и корупција и не одговори зошто дозволува кампањата да му биде финансирана од криминални пари, од крадени пари, од ваши народни пари, па реши да навредува. Првата работа за која што реши да ме навредува мене поврзана со уставобранителите, јас на митингот во Прилеп кажав дека даваме целосна поддршка за слобода на сите уставобранители гледам дека тоа Стево Пендаровски го погодило, па почна да ме напаѓа јавно зошто сум се залагал за слобода на уставобранителите и еве да повторам од овде од Новаци, да, јас мислам дека сите уставобранители треба да бидат на слобода“, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски од посетата на Новаци.
„Втората работа е овде во 4 ката мој против кандидат од СДСМ е веројатно најнеуспешниот министер за здравство во историјата на државата, човек кој што имаше рекордна смртност за време на пандемијата, најмногу луѓе го загубија животот во Македонија, додека тој чекаше провизии од компанија „Стабри“ од Хонг Конг. Тој е носител во 4 ката и го гледам Стево Пендаровски вчера од Радовиш вели Венко Филипче е таков кандидат што да ти е мерак да го гласаш како доктор можел да работи кај сака но ете останал во Македонија, а за мене вели да не била политиката, ќе сум немал леб за јадење. Еве сега да му одговорам. Прво затоа што лично отвара некои работи, морам лично да му одговорам иако не сакам тоа да го правам, сметам дека во секоја професија се потребни професионалци и мислам дека ако навистина Венко Филипче е толку добар доктор, а ќе видите утре колегите негови што ќе кажат ќе имаме трибина, но ако е толку добар доктор тогаш треба да си остане доктор затоа што за тоа учел. Како што јас сум решил да се занимавам со оваа професија и за истата сум учел и сум бил студент на генерација со просек од 9,75 на Правниот Факултет и сум одлучил да го работам ова што го работам“, кажа Николоски и додаде:
„Следно, јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор. Да ги прашам Венко Филипче и Стево Пендаровски дали можат обратно да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација односно што работи во приватен сектор по еден нека кажат и Венко Филипче и Стево Пендаровски. Таков нема затоа што до петто колено сите се вработени во јавна администрација и ја цицаат државата“.
Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторка или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно?
„Следна работа со докторска или со министерска плата не се купува ауди Q8 RS не знам да го кажам точно како се вика од 250 илјади евра како што вози Венко Филипче, и од докторска или со министерска плата не се гради хациенда на Водно која ексклузивно ќе ја покажам вечерва тука во новаци, мислам дека е чесно Стево Пендаровски да одговори како се гради оваа хациенда на Водно“, нагласи Николоски и додаде:
„Трета работа, не знам дали Венко Филипче знае но сум сигурен ако ништо друго слушнал Стево Пендаровски важи за најголемиот озборувач кај политичарите, или јас како што го нарекувам алапача број еден во Македонија. Во тие свои озборувања обожава да озборува за најблиските околу него а Венко Филипче е еден од најозборуваните. Па да го прашам Венко Филипче дали слушнал или не дека кога Стево ќе се опушти озборува во круг на блиски новинари и вели дека Венко Филипче бил уживател на психотропни супстанци дали го слушнал или не го слушнал тоа и како е можно да еден за друг зборуваат такви работи зад грб а излезат пред народот и бараат гласови. Толку за Стево Пендаровски за неговиот морал и за неговиот образ, следното е ваше да излезете масовно на 24 април и на 8 мај и да му помогнеме да се исели од државата“, истакна Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

