Македонија
Нимиц по изгласувањето на уставните измени: Овој историски договор ја отвора вратата за нов однос
Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации и посредник во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, преку соопштение го поздрави изгласувањето на уставните измени, во согласност со Договорот од Преспа, објави грчки „Катимерини“.
„Ги поздравувам финалните чекори кои ги презеде Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија во насока за имплементација на Договорот од Преспа. Сакам да му честитам на Парламентот и на граѓаните за ова достигнување и за демократскиот начин на кој е изведен овој важен процес. Овој историски договор меѓу двата соседи ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Очекувам целосно комплетирање на процесот како што е предвидено во договорот. Како и во минатото, ОН остануваат посветени на работењето со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив“, се вели во пораката на Метју Нимиц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

