Македонија
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
Главната грчка опозициска партија во Грција, „Нова демократија“ ќе преговара повторно со Македонија за решавање на спорот за името, ако владата на Ципрас не успее да го ратификува преспанскиот договор, изјави советникот на партискиот претседател Кириакос Мицотакис, Макаруис Лазаридис.
Лазаридис ја повторил пред грчкото радио „Параполитика“ позицијата на Мицотакис дека партијата нема да гласа за ратификација на преспанскиот договор под никакви услови.
„Ако договорот не биде ратификуван во Грција, ние како влада ќе започнеме нови договори со Скопје од нула“, изјави политичарот.
Според него, актуелниот договор помеѓу Скопје и Атина е лош поради тоа што ги признава македонскиот јазик и идентитет, нешто што, како што нагласи Лазаридис, досега не било прифатено од ниту една грчка влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

