Македонија
Нова министерска тројка од ЕУ ќе допатува во Македонија за да разговара за уставните измени
Министри од Франција, Германија и од Полска ќе допатуваат во посета на земјата за да разговараат за забрзување на евроинтегративниот процес на Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на вицепремирот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во посета доаѓа т.н. вајмарска тројка, односно Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министрите на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, и ќе престојува два дена во Скопје.
Маричиќ и министрите, како што е соопштено, ќе разговараат за преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите што произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес по што ќе следуваат изјави на заедничка прес-конференција.
Во рамките на посетата т.н. вајмарска тројка ќе се сретне и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, и со координаторите на пратеничките групи.
Во вторник министерката за Европа и за клима на Сојузна Република Германија, Ана Лирман, ќе учествува на настанот на тема: „Подготовка за проширување на ЕУ“, кој го организира Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Институтот за европска политика (ЕПИ).
Ова е втора министерска тројка што за помалку од една недела доаѓа во Скопје. Минатата недела во Македонија беа министрите за надворешни работи на Австрија – Александар Шаленберг, на Чешка – Јан Липавски и на Словачка – Мирослав Влаховски. Порачаа дека без уставните измени се неопходни за Македонија да остане на траката за ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

