Македонија
Нови локални патишта и водоводи во Македонски Брод
Заменикот-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, беше дел од свеченоста по повод отпочнувањето на реконструкцијата на улицата Партизанска во Македонски Брод и изградбата на локалниот пат во село Косово. Првиот проект е финансиран со средства од Министерството за локална самоуправа, програма за рамномерен регионален развој, а вториот со средства од Светска банка.
На свеченоста организирана по повод денот на општината, заменикот-министер Павлески на граѓаните на Македонски Брод им го честиташе празникот и им посака просперитет, избор и подобар живот.
Павлески истакна дека Владата за 2018 година ги има дуплирано средствата за рамномерен регионален развој на 4,5 милиони евра, од кои годинава во општина Македонски Брод ќе се финансиират проекти во уште 6 села, нови 4 локални патишта во селата Рамне, Бенче, Долно Ботушје и во Брезница, како и 2 водоводи, во селата Црешнево и Сланско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

