Македонија
Нови промени на локално ниво во СДСМ
СДСМ назначи 10 нови претседатели на општински организации. Со новиот начин на работа, СДСМ првпат воведе мониторинг-систем врз работата на општинските организации и мерит-систем.
По спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначи претседатели на 10 општински организации на СДСМ: во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески, во Новаци – Наумче Смилевски, во Желино – Аднан Демири, во Росоман – Анета Јоновска Љубенова, во Сопиште – Далибор Богдановски, во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски, во Демир Хисар – Николче Димитријовски, во Јегуновце – Александар Стефановиќ и во Студеничани – Елвира Мелиќ.
СДСМ соопшти дека се формирани нови општински организации во општините Желино и Липково.
„Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата. СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните. Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

