Македонија
Нови регионални благајни на државна лотарија за исплата на добивки над 5.000 денари
Државна лотарија, со цел да одговори на барањата на играчите, отвора нови регионални благајни за исплата на добивки од игрите на среќа Лото7, Џокер и инстант лотарија, во вредност над 5 000 денари.
Во мапата на благајни на Државна лотарија, покрај двете благајни во Скопје и благајната во Кочани, се впишуваат Неготино и Кичево кои ќе функционираат како уплатно-исплатни места, односно, како регионални благајни 2 дена во неделата
– вторник и четврток во период од 10.00 до 13.00 часот во:
• Неготино ул. „Партизанска“, бр 2 (во центар на градот)
• Кичево бул. „Ослободување“ бр 32 ( на главна улица)
Со оглед на вонредната состојба во државата, отворени се и благајни од времен карактер во Битола и Струмица., кадешто во соработка со деловни соработници, Државна лотарија ќе врши исплата на добивките од игрите на среќа еднаш неделно
– среда од 10:00 до 13:00 часот во:
• Битола, продажно место „ВАГАБОНТ“,ул: „Широк сокак“ бр.51
• Струмица, продажно место „КРЕЧЕВИ“, бул. „Маршал Тито“ бб (до Тинекс маркет),
Целта на отворање регионални благајни е да се излезе во пресрет на играчите ширум земјата, да се намалат нивните трошоци за подигање на добивките а да се зголеми задоволство од учеството во игрите на среќа на Државна лотарија. Играчите кои оствариле добивка на игрите на среќа коишто ги приредува Државна лотарија: Лото 7, Џокер и Инстант лотарија, во износ и над 5.000 денари, за исплата на добивката веќе не мора да доаѓаат само на благајната во Скопје, од сега ќе може да се обратат и во регионалните благајни во Кочани, Неготино, Кичево, како и Струмица и Битола.
Благајните на Државна лотарија во Кочани и Скопје (МТВ и Буњаковец), се отворени секој работен ден, од 10 – 14:00 ч.
Дополнителни информации, на броевите на контакт центарот: 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052, секој работен ден работи од 9 – 14.00, на www.loto.mk и социјалните медиуми на Државна лотарија..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

