Македонија
Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица
Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 393 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 123, Битола и Охрид – по 37, Кавадарци – 20, Велес и Крива Паланка – по 19, Прилеп – 15, Кочани – 13, Тетово и Куманово – по 12, Штип и Струга – по 9, Кратово – 7, Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар – по 6, Неготино, Валандово и Радовиш – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 2, Кичево, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 од Скопје (39, 71, 74, 77, 80 и 81), 2 од Куманово (75 и 80) и по едно починато лице од Берово (77), Битола (69), Велес (71), Македонска Каменица (35) и Ресен (76). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 4.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1) и се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови.
Направени се 1.299 теста преку: ИЈЗ – 51, ЦЈЗ Скопје – 27, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 99, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 81, „Авицена“ – 60, „Биотек“ – 97, „Систина“ – 53, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 293, „ВФВ медикал“ – 31, „Ели медика“ – 39, „Ројал медика“ – 0, „Спектра-ММ“ – 0, „Рапид лаб“ – 0, „Жан Митрев Струмица“ – 0, „Нова лаб дијагностика“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 455.
Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 95.111, Активни 2.768
Куманово 12.941, Активни 201
Тетово 11.344, Активни 103
Прилеп 10.318, Активни 321
Битола 8.823, Активни 521
Гостивар 8.069, Активни 19
Велес 7.342, Активни 176
Кавадарци 7.050, Активни 228
Штип 6.614, Активни 116
Охрид 6.522, Активни 200
Струмица 6.136, Активни 118
Кичево 4.228, Активни 36
Кочани 4.020, Активни 112
Струга 3.909, Активни 37
Гевгелија 2.811, Активни 83
Неготино 2.574, Активни 45
Свети Николе 2.126, Активни 48
Крива Паланка 1.906, Активни 76
Ресен 1.756, Активни 55
Радовиш 1.741, Активни 53
Берово 1.460, Активни 71
Дебар 1.456, Активни 2
Делчево 1.415, Активни 105
Виница 1.161, Активни 21
Пробиштип 1.126, Активни 26
Валандово 948, Активни 41
Кратово 776, Активни 34
Богданци 645, Активни 22
Демир Хисар 617, Активни 49
Крушево 593, Активни 32
Македонски Брод 499, Активни 11
Демир Капија 425, Активни 4
Македонска Каменица 418, Активни 27
Пехчево 352, Активни 9
Дојран 168, Активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Лиценцата за „4iG“ не е само бизнис потег, тоа е дел од поширок политички план
Од СДСМ велат дека со длабока загриженост ги следи најновите случувања во телекомуникацискиот сектор во нашата земја, кои, според партијата, откриваат ланец на влијание што се протега од Будимпешта преку Белград до Скопје.
„Одлуката на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да додели трета лиценца за мобилен оператор на унгарската компанија „4iG“, не е само бизнис потег, тоа е дел од поширок политички план што ја загрозува независноста на нашата држава и слободата на медиумите. Оваа компанија, која е единствениот понудувач на тендерот и која ќе плати 8 милиони евра за фреквенции, сега има право да изгради и управува со самостојна 5Г мрежа. Компанијата „4iG“ не е обичен играч на пазарот, таа е длабоко поврзана со унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес“, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека сопственикот и претседателот на „4iG“, Гелерт Јасаи, е близок сојузник на Орбан, а компанијата станала „национален шампион“ во Унгарија благодарение на масивната државна поддршка, вклучувајќи тајни инвестиции од над 189 милиони евра и олеснувања во регулаторните процедури.
„Орбан лично интервенираше во аквизициите на „4iG“, намалувајќи го влијанието на странските компании и зголемувајќи ја контролата врз информационите мрежи. Овој потег во Северна Македонија само го потврдува Орбановиот план да го прошири своето влијание на Балканот. Ова не е изненадување, имајќи предвид дека Христијан Мицкоски јавно изјави дека Орбан е негов близок пријател. Владата на Мицкоски во 2024 година го најави тендерот за трет оператор, а сега ги гледаме плодовите на таа „пријателска“ соработка. Оваа врска го објаснува и пошироката оска Орбан-Вучиќ-Мицкоски. Тоа е затворен круг што, покрај бизнисите во телекомуникациите и енергетиката, вклучува и контрола врз медиумите“, велат од СДСМ.
Македонија
Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување
Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата.
„Мене но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функциониери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и за политиките и одлуките на сегашниот партиски врв“, вели Деспотовски.
Според него, никој друг освен сегашното раководство нема одговорност за исклучувањето на партијата од клучните процеси во државата.
„Од неучеството на средба на лидерите на најголемите партии, што е само дистанцирање од сопствената земја и граѓани. Од инаетењето со клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните. Ова што се случува одамна ја помина секоја границата на внатрепартиска дебата. Станува збор за свесна клевета и политичка хајка, која нанесува штета не само на моето име и интегритет, туку се гази и угледот на партијата. Партија што низ децениите ја градеа илјадници другари, кои сигурно не сонувале дека нашата СДСМ ќе води дневна борба со медиуми и медиумски работници“, вели Деспотовски.
Тој додава дека отворањето на внатрешни битки и поделби е политика на сегашното раководство на партијата, кое го применува како метод за опстојување и преживување.
Деспотовски, исто така, побара и јавно извинување од СДСМ.
„Доколку веднаш не следи јавно извинување и повлекување на сите лажни и навредливи наводи во серијата соопштенија, ќе бидам принуден да преземам правни чекори за клевета и лична, а потоа и за континуирано нарушување на угледот на СДСМ“, вели Деспотовски и додава дека никој нема право со валкани игри да руши нешто што е создавано со жртва, верба и идеали.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во декември лани побара исклучување на Деспотовски од партијата, обвинувајќи го за дејствување против интересите на СДСМ и за, како што наведуваат, соработка со политички структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Македонија
Министерот Сали на Самитот во Давос
Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Самитот во Давос и на Средбата на лидерите 2026, значајна платформа за дијалог и глобална соработка.
Тој учествуваше на два тематски панела: „Клима, конфликти и грижа“, каде беше нагласена важноста на дијалогот и регионалната и меѓународната соработка; и „Балканот – историја, стабилност и иднина“, каде се дискутираа регионалните предизвици, европската интеграција и економскиот развој како столбови за мир и долгорочна стабилност.
За време на својот престој, Сали оствари средби со политички претставници, бизнис-лидери и медиумски куќи од целиот свет, при што дискутираа за можности за соработка, партнерства и за политичките и економските развојни перспективи на регионот, со посебен фокус на Северна Македонија.

