Македонија
Нови 162 случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1. Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62 години), хоспитализиран пред три дена.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69 години) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73 години) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70 години) хоспитализирана на 2 јуни.
Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59 години), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69 години) а во болницата во Гостивар на пациентка (58 години) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1858, активни 1210
• Куманово 640, активни 221
• Дебар 61, активни 10
• Штип 238, активни 196
• Прилеп 228, активни 20
• Тетово 413, активни 239
• Струга 127, активни 49
• Велес 150, активни 27
• Битола 33, активни 6
• Охрид 69, активни 51
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 66, активни 41
• Гевгелија 8, активни 4
• Струмица 8, активни 5
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 54, активни 23
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 4, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 9, активни 8
• Кичево 3, активни 1
• Ресен 19, активни 18
• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 778 теста се преку: ИЈЗ –370 , ЦЈЗ Скопје-26, Авицена –125, Биотек –72, Систина со PCR метода –74 и МАНУ -111. До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.
Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријавила тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, од Министерството за здравство најавуваат дека ќе бидат објавени во следниот извештај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

