Македонија
Нови 281 случај на ковид, починаа 3 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 169, Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по 3, Неготино, Виница и Богданци – по 2, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции.
Регистрирани сe 285 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Прилеп – 37, Кавадарци – 21, Битола – 16, Куманово – 14, Гевгелија – 7, Ресен – 6, Велес – 5, Кичево и Гостивар – по 4, Тетово и Кочани – по 3, Штип и Берово – по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Виница, Богданци, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63г), Охрид (85г) и Крива Паланка (76г). Сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица ( 3 ), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.275 тестови преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–200, Жан Митрев (Филип Втори)-47, Авицена-50, Биотек-59, Систина-42, лабораторија Лаор-49, Синлаб-12, Ремедика-13, Плодност-12, Генеа-26, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-35, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 976.
Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 142543, Активни 1132
Куманово 16500, Активни 70
Битола 14643, Активни 148
Прилеп 13917, Активни 103
Тетово 13408, Активни 42
Кавадарци 10404, Активни 82
Велес 9640, Активни 26
Гостивар 9517, Активни 15
Охрид 8675, Активни 82
Струмица 7980, Активни 26
Штип 7958, Активни 19
Кичево 5535, Активни 40
Кочани 5029, Активни 20
Струга 4681, Активни 10
Гевгелија 4348, Активни 26
Неготино 3647, Активни 12
Ресен 2666, Активни 13
Свети Николе 2611, Активни 2
Радовиш 2509, Активни 12
Крива Паланка 2403, Активни 5
Делчево 1914, Активни 14
Дебар 1664, Активни 8
Берово 1637, Активни 2
Валандово 1472, Активни 5
Виница 1376, Активни 11
Пробиштип 1261, Активни 3
Богданци 1019, Активни 10
Кратово 958, Активни 8
Крушево 916, Активни 6
Демир Хисар 826, Активни 5
Македонски Брод 735, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 3
Македонска Каменица 522, Активни 3
Пехчево 484, Активни 0
Дојран 342, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.

