Македонија
Нови 404 случаи на Ковид-19, починаа осум лица

Во последните 24 часа се направени 2727 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 180, Охрид – 32 , Кавадарци -19, Куманово – 16, Битола ,Струмица и Струга по 15, Прилеп – 11, Тетово -10 , Велес – 9, Штип – 8, Дебар и Ресен по 7, Кочани, Гевгелија и Делчево по 6, Гостивар – 5 , Кичево, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Берово, Пробиштип и Валандово по 4, , Крушево – 2 , Свети Николе, Демир Хисар , Македонски Брод , Кратово, Македонска Каменица и Дојран по 1.
Регистрирани се 101 оздравени пациенти од:
Скопје – 39, Велес -10, Ресен и Куманово по 9, Гостивар 6, Битола и Кичево по 5, Струмица – 3, Прилеп, Штип, Кавадарци, Свети Николе и Неготино по 2, Тетово, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје(53, 60г), по еден смртен случај е регистриран од Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш(79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 2727 теста се преку: ИЈЗ-499, ЦЈЗ Скопје-71, Авицена-227, Биотек-157, Жан Митрев (Филип Втори)-243, Систина-184, лабораторија Лаор–248, МАНУ-119, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-113, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, ГАК-0, Синлаб-84, Ремедика-25, лабораторија болница Козле-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 700, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 41336, активни 4011
• Куманово 5265, активни 313
• Тетово 5182, активни 306
• Прилеп 4623, активни 164
• Гостивар 3654, активни 186
• Штип 3527, активни 97
• Битола 3264, активни 148
• Велес 3176, активни 251
• Охрид 2914, активни 451
• Кавадарци 2741, активни 385
• Струмица 2572, активни 229
• Струга 2271, активни 210
• Кочани 1747, активни 66
• Кичево 1736, активни 110
• Свети Николе 1088, активни 34
• Гевгелија 1033, активни 117
• Неготино 991, активни 87
• Дебар 775, активни 84
• Ресен 754, активни 88
• Крива Паланка 739, активни 40
• Радовиш 730, активни 57
• Делчево 663, активни 216
• Берово 606, активни 40
• Пробиштип 515, активни 31
• Виница 499, активни 30
• Валандово 330, активни 11
• Демир Хисар 252, активни 11
• Македонски Брод 247, активни 11
• Кратово 237, активни 24
• Богданци 226, активни 17
• Демир Капија 224, активни 52
• Крушево 220, активни 37
• Македонска Каменица 192, активни 18
• Пехчево 183, активни 7
• Дојран 87, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За формирање многудетно семејство потребен е достоинствен приход, Мицкоски ги уништи приходите, велат од СДСМ

Додека Мицкоски продолжува да ги убедува граѓаните дека треба да имаме многудетни семејства, неговата Влада прави сè за да не им го овозможи тоа. Мицкоски, кој доаѓа од високата класа и има часовници од 60.000 евра и бизнис од 10 милиони евра, не може да разбере дека за одгледување на повеќе деца се потребни пари и услови, реагираат од СДСМ откако премиерот Христијан Мицкоски кажа дека формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин.
Од СДСМ прашуваат, знае ли Мицкоски дека според последните статистики дури 22% од децата живеат во сиромаштија?
„Наместо да работи на политики за зајакнување на стандардот, покачување на платите, обезбедување поддршка за мајките и жените, наместо да се бори со конкретни механизми за да ги мотивира младите брачни парови да имаат деца, тој им беседи за патриотизам.
На Мицкоски треба да му е јасно дека сите сакаат деца, но за да се имаат повеќе деца потребно е родителите да се чувствуваат сигурни, со стабилни приходи и да живеат во перспективна држава. Ништо од тоа не е Македонија на Мицкоски во овој момент.
Граѓаните се иселуваат, перспективата не постои, платите не растат, економијата тоне. Владее несигурност како никогаш досега. Улиците не се безбедни, има убиства секој ден. Во ваква држава, џабе се пораките на Мицкоски за патриотизам“.
Патриотизам, како што оценуваат од опозициската партија, е да се бориш за луѓето, за секое семејство, да ги покачуваш платите, а не да ја штитиш олигархијата.
Македонија
Шукова: „Вардариште“ ќе стане современа претоварна станица, а не дива депонија

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска изјави дека Вардариште ќе добие конечно и трајно решение како дел од планот за Скопје без диви депонии.
„Вардариште мора да се затвори како дива депонија и да се уреди како претоварна станица по европски стандарди,“ истакна Шукова.
Таа нагласи дека изминатите четири години на оваа локација не биле преземени никакви интервенции, што резултирало со сериозни еколошки и здравствени последици за граѓаните.
Во нејзината програма е предвидено Вардариште да се огради и обезбеди со 24/7 чуварска служба, да се исчисти и уреди, да функционира како регуларна претоварна станица со селекција на отпад и да биде дел од интегриран систем за управување со отпадот во Скопје.
Македонија
Бесплатен оброк за сите ученици, најави Герасимовски

Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија, најави кандидатот за градоначалник на Центар и воедно актуелен градоначалник на општината, Горан Герасимовски, пред основното општинско училиште „Коле Неделковски“.
Тој, најави и дека од следната година, се започнува со бесплатни дополнителни часови за сите ученици, заедно со пензионираните наставници и професори во општината.
„Ова е еден одличен проект којшто стартува од следната година. Децата покрај тоа што ќе учат за природните убавини на Македонија, тие исто така и ќе другаруваат меѓусебе. Би сакал да истакнам дека вложувањето во развојот на учениците е нашиот фокус, и токму затоа, за 50% се зголемуваат и стипендиите за талентирани ученици. Центар е општината која најмногу вложува во образованието. Сите 8 училишта се целосно реновирани, со најдобри услови за настава и педагошки процес. Ние сме тука за да ги мотивираме и да им овозможиме подобра настава и посреќно детство“, потенцираше Герасимовски.
Тој потсети, дека по 66 години, општината направи нова доградба на ООУ „Коле Неделковски“ со што ова центарско училиште доби нови четири пространи и осветлени училници, два кабинети, една библиотека, лифт, тоалет и пристапна рампа за полесен пристап за влез за учениците со посебни потреби.