Контакт

Македонија

Нови 520 случаи на Ковид-19, починаа 12 лицa

Објавено пред

Во последните 24 часа се направени 3.023 тестирања, а регистрирани се 520 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-231, Куманово-22, Дебар-11, Штип-10, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-9, Велес-20, Битола-10, Охрид-22, Кавадарци-28, Гостивар-25, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-4, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-3.

dobivaj vesti na viber

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-150, Куманово-16, Штип-6, Прилеп-18, Тетово-12, Струга-20, Велес-15, Битола-17, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-9, Струмица-17, Радовиш-7, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-5, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-3, Неготино-12.

Починати се 12 лица – четири пациенти од Скопје (88, 50, 82 и 65), еден пациент од Дебар (72), двајца од Струга (79 и 81), два пациенти од Охрид (94 и 66), еден пациент од Струмица (79), од Крива Паланка (59) и еден пациент од Кичево (70). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.117, бројката на оздравени пациенти е 68.364, на починати е 2.647, а бројот на активни случаи изнесува 16.106. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 37.746, активни 9.871
• Куманово 4.912, активни 472
• Дебар 694, активни 146
• Штип 3.392, активни 187
• Прилеп 4.392, активни 348
• Тетово 4898, активни 704
• Струга 2.103, активни 191
• Велес 2.888, активни 387
• Битола 3.123, активни 369
• Охрид 2.586, активни 419
• Кавадарци 2.317, активни 479
• Гостивар 3.480, активни 435
• Гевгелија 1.225, активни 211 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.410, активни 434
• Крива Паланка 688, активни 113
• Радовиш 655, активни 73
• Крушево 176, активни 25
• Кочани 1.663, активни 158
• Пробиштип 467, активни 34
• Демир Хисар 238, активни 29
• Македонски Брод 232, активни 14
• Пехчево 169, активни 26
• Берово 547, активни 63
• Валандово 321, активни 34
• Виница 468, активни 65
• Делчево 690, активни 211 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 203, активни 16
• Свети Николе 1.054, активни 66
• Кичево 1.623, активни 179
• Ресен 670, активни 112
• Неготино 1.087, активни 235 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3.023 теста се преку: ИЈЗ – 604, ЦЈЗ Скопје – 76, „Авицена“ – 277, „Биотек“ – 384, МАНУ – 139, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 146, „Систина“ со PCR-метода – 331, лабораторија „Лаор“ – 100, Судска медицина – 5, ЦЈЗ Битола – 15, Инфективна клиника – 2, ГАК – 0, „Синлаб“ – 36, „Ремедика“ – 32, лабораторија во болницата во Козле – 20, ЈЗУ (рапид-тест) – 852, УК Пулмологија со алергологија – 4, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 421.153 тестирања на Ковид-19.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени

Објавено пред

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет5 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет6 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет9 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет9 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет10 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет10 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет11 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет11 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија11 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет12 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет12 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет15 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија16 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет16 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет21 час

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет22 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија23 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет23 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет1 ден

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...